мини|Првата корица на томот танкобон, вклучувајќи го Тоа Токучи One Outs (, македонски: Еден излегува) — спортска манга на Шинобу Каитани, објавена во Business Jump од 1998 до 2006 г. Била повторно пуштена на 1 октомври 2008 г. Студиото Madhouse објавило истоимена аниме-серија од 25 епизоди заснована на мангата.One Outs TV anime announced at AnimeNation .

Главниот лик е Тоа Токучи (јап. 渡久地 東亜) — надарен фрлач што завршува во професионалниот бејзболски клуб „Ликаонс“.

Содржина Саитамскиот клуб „Ликаонс“ е најслабиот во Јапонската бејзболска лига. Хиромичи Коџима, ѕвездениот удирач (англ. batter) на „Ликаонс“, се упатува во тренинг-кампот во Окинава за да се подготви за својата последна шанса во 21-годишната кариера да му донесе шампионска титула на клубот. Фрлачот што му фрлал на тренинг се повредува и заедно со тренерот одат да бараат заменик, но наместо тоа учествуваат во американската коцкарска игра „One Outs“, каде фрлач (англ. pitcher) и удирач играат еден на еден. Меѓу другите, тука игра и Тоа Токучи, најдобриот и непобедлив бејзболски играч за пари. Откако двапати го играл, Коџима го носи Токучи во „Ликаонс“ за повеќе да не игра бејзбол за пари. Меѓутоа, Токучи потпишува договор „One Outs“ со сопственикот на клубот, според кој добива 5 милиони јени за секој изваден удирач, но губи 50 милиони за изгубен бод.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Манга Категорија:Аниме Категорија:Анимирани серии