Роман Осипович Јакобсон (1896-1982) е руски мислител и е еден од најзначајните лингвисти на XX век.

Јакобсон е роден во Русија, во богата фамилија од еврејско потекло, каде уште од млади години развива интерес за јазикот. Во времето на неговите студентски години преовладуваат младограматичарите според кои единственото прецизно проучување на јазикот е да се проучуваат историјата и развојот на зборовите низ времето. Јакобсон, од друга страна, доаѓа во допир со работата на Фердинанд де Сосир, и развива приод кој е фокусиран на начинот на кој структурата на јазикот и служи на основната функција на јазикот - размена на информации помеѓу говорниците.

1920 е година на политички немири во Русија, па така Јакобсон се сели во Прага, каде што ги продолжува докторските студии. Таму, тој е еден од основачите на „Прашката школа“ на јазичаричката теорија. Исто така, со многубројните студии за фонетиката ја збогаитл теоријата за структурата и функцијата на јазикот.

На почетокот на Втората светска војна Јакобсон ја напушта Прага и се сели во Скандинавските земји. Како што војната се проширува и на запад, тој е приморан да се пресели во Њујорк, каде што го запознава и соработува со Клод Леви-Строс, кој исто така ќе стане еден од клучните претставници на структурализмот. Во 1949 доаѓа на универзитетот во Харвард, каде што останува до крајот на својот живот. Во раните 1960-ти Јакобсон става акцент на еден поопширен поглед на јазикот и почнува да пишува за науките за комуникацијата како целина.

Јакобсон издвојува шест комуникациски функции, секоја поврзана со еден аспект од процесот на комуникација:

Содржина (референцијална)

Испраќач ________________ Порака ______________ Примач (емотивна) (поетска) (конативна)

Канал (фатичка)

Код (метајазична)

Категорија:Руски јазичари Категорија:Руски Евреи Категорија:Членови на Норвешката академија на науките Категорија:Луѓе од Москва Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Странски членови на Српската академија на науките и уметностите Категорија:Родени во 1896 година Категорија:Починати во 1982 година