Хрватска селанска буна од 1920 година, која е позната и како Кришка Република () ― буна која траела од 4 до 12 септември 1920 година во селата северозападно и западно од Загреб во неодамна создаденото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Бунтот, кој бил концентриран околу градот Криж, бил резултат на претежно економски поплаки и отпор кон регрутирање во територијата на поранешното Кралство Хрватска и Славонија. Непосредна причина за бунтот била кампањата на Кралската југословенска армија, која била задолжена да го одржува јавниот ред во областа по завршувањето на Првата светска војна, да регистрира и жигосување влечни животни за воена употреба.

Првите вооружени судири се случиле околу гратчињата Гарешница и Грубишно Поље, а брзо се прошириле и во Криж. Оттаму, бунтот се проширил северозападно кон Загреб, особено Дуго Село, Клоштар Иваниќ и Свети Иван Желина. Насилството, исто така, било проширено југоисточно до градовите Поповача и Кутина. Судири имало и околу Бјеловар и Сисак. Бунтовничките селани ги разоружале месните гарнизони на жандармеријата и ги зазеле општинските згради во неколку градови и села. Засилувањата испратени од војската се бореле со селаните и ја вратиле владината контрола над областа.

Настаните се опишани во истовремениот извештај на бан на Хрватска, Матко Лагиња, кој објавил дека економските поплаки биле главната причина за бунтот, но барем дел од насилството и припишал на Хрватската народна селска партија, која ја предводел Стјепан Радиќ. Нема докази дека партијата или Радиќ, кој во тоа време бил во затвор, го организирале бунтот, но нејзините членови го поддржувале и учествувале во бунтот, а барем во некои области го воделе. Филип Лакуш бил гласен водач на бунтот во Криж. Поврзаноста со бунтот ѝ помогнала на партијата на Радиќ да се здобие со популарност меѓу Хрватите помеѓу неодамна одржаните локални и парламентарни избори во Кралството СХС кои биле одржани подоцна истата година. Досегашната релативно помала партија стана главната хрватска политичка сила во меѓувоениот период.

Заднина Во последната година од Првата светска војна, дезертерството од австроунгарската армија станало широко распространето меѓу војниците кои биле регрутирани во Кралството Хрватска и Славонија, една од земјите што ја опфаќала Австроунгарија. Дезертерите, кои биле познати како Зелени кадри, се потпирале на бандитството и доброволната поддршка на селаните кои ја отфрлале државната власт како неправедна. Како чинови на спротивставување на воените и цивилните власти, Зелените кадри и најголемиот дел од селанството се спротивставиле на воената служба и оданочувањето.

По поразот и распадот на Австроунгарија во 1918 година, јужнословенските населени земји на поранешната империја се организирале како краткотрајна Држава на Словенците, Хрватите и Србите, и станале дел од новосоздаденото Кралство на Србите. Хрватите и Словенците. Новата земја била создадена како сојуз со средиште околу предвоеното Кралство Србија. Одлуката за обединување била забрзана затоа што Националниот совет на Државата СХС се повеќе се плашеше од немири во селата, италијанските територијални претензии наведени во Лондонскиот договор и наводите дека пешадискиот генерал Антон Липошќак заговарал прохабсбуршки државен удар. Додека воените единици подигнати во поранешните австроунгарски земји, кои биле сметани за неверодостојни по аферата Липошќак, биле распуштени, Националниот совет ја поканил Кралската српска армија во поранешните австроунгарски земји, каде што имале задача да го заштитат јавниот ред.

Во почетокот на 1919 година, во оваа задача, армијата била заменета со новосоздената, вооружена жандармерија. По прогласувањето на обединување на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците на 1 декември 1918 година, започнала постапката на создавање војска за новото кралство. Оваа армија се состоела од 15.000 војници на Националниот совет и 145.000 членови од Кралската српска армија, и промена на името и ознаките во 1919 година. Кралската српска армија и Армијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците биле многу слични по изглед бидејќи новата бојска ги задржала униформите, чиновите, ознаките и употребата на српскиот јазик на својата претходничка држава. Офицерскиот кадар бил претежно српски. Законодавството кое го потврдило создавањето и структурата на армијата допрва било донесено во 1923 година.

Политичките противници на создавањето на новата држава на територијата на пораненото Кралство Хрватска и Славонија ја вклучувле Хрватската народна селска партија (ХПСП), која била релативно помала партија пред војната, но станала гласна, делумно поради нејзиното застапување на пацифизмот, а подоцна и на републиканизмот. Зголемувањето на популарноста на ХНСС се совпаднало со зголемувањето на насилството во селските краишта во Хрватска и Славонија кон крајот на 1918 и почетокот на 1919 година, и протестот во Загреб од 1918 година, задушен со сила. Откако партијата започнала петиција, за поддршка на „неутралната хрватска селска држава“, која добила повеќе од 115.000 потписи за шест недели, собирите за нејзина поддршка биле забранети, а нејзиниот водач Стјепан Радиќ бил уапсен во март 1919 година и затворен речиси една година.

Властите ја обвинија ХПСП за поткопување на државната власт и поддршка на одметниците. Владата го сметала антимилитаризмот на ХПСП еднаков на болшевизмот и затоа е особено опасен бидејќи бил поврзан со војниците кои се вратија од руско заробеништво во 1919 година и современите бунтови во Марибор, Вараждин и Осиек. ХПСП се обидела да им се допадне на селаните бидејќи нејзините водачи го изедначиле Кралството на Србите, Хрватите и Словенците со Австроунгарија, велејќи дека и двете држави се заинтересирани само да наплаќаат даноци и да ги регрутираат селаните. До 1919 година, жителите на хрватската заднина ја доживувале српската војска како окупаторска сила. Ова гледиште најмногу се должело на отпорот кон регрутирање војници испратени да се борат против Албанците во југословенската колонизација на Косово и самоволните тепања од војската и жандармеријата како вонсудска казна. Дезертерството станало доволно вообичаено за да предизвика ограничено заживување на Зелените кадри.

Времеплов Кампања за жигосување Кон крајот на август 1920 година, армијата започнала кампања за жигосување на влечни животни во приватна сопственост. Тоа било назначување на оние кои биле погодни за воена употреба и потенцијално регрутирање, и идентификување на резерви на коњи и влечни коли за употреба во воена обука. Кампањата предизвикала обновено насилство во селата источно од Загреб но немирите имале корени во економските прашања. Иако регистрацијата на влечни животни им била позната на хрватските селани уште од времето на Австроунгарија, жигосувањето било новина. Имало загриженост дека животните ќе бидат физички повредени и дека оние што би биле означени како непогодни за воена служба ќе ја изгубат својата пазарна вредност. Властите ги игнорирале овие грижи, дозволувајќи да се шират дезинформации и гласини за нивната мотивација за кампањата.

Подготовките за бунт против кампањата за жигосување започнале кон крајот на август со учество на членовите на ХПСП. До 27 август, месните власти јужно од Загреб станале свесни за намерите да ја нарушат кампањата за жигосување, а летоците со повикување на отпор и ветување помош од Зелените кадри се појавиле до крајот на месецот. Имало гласини дека „Србите ќе дојдат и ќе ги однесат сите животни во Србија“ или во Франција, и дека животните ќе бидат означени со буквите „К“ и „А“ за да биде покажано дека ќе им бидат предадени на Караѓорѓевиќи и регентот Александар, соодветно. Во некои случаи, армиските офицери задолжени за кампањата за жигосување придонеле за ширење на гласините. Во еден забележан пример, армиски мајор им се заканувал на селаните во Иваново Село кои ги доведувале во прашање мотивите на војската со депортација во Албанија и уништување на нивното село.

На 2 септември, толпа селани од околните села се собра во Велики Гревац во областа Грубишно Поље, околу 80 км источно од Загреб. Говорниците ги повикале собраните селани да не ги предаваат своите коњи. Како одговор, еден бјеловарско-крижевачкиот жупан и окружниот секретар пристигнале, заштитени од жандарми, да ја смират толпата. Ова било повторено и следниот ден, кога вооружена толпа селани се обидела да се меша во работата на службениците задолжени за жигосување на коњите во блиската Гарешница и, според истовремениот извештај подготвен од банот на Хрватска, Матко Лагиња, двајца селани биле убиени во инцидентот. Властите ја прекинале кампањата за жигосување на повик на Лагиња на 4 септември.

Судири во Чазма и Криж мини| Водачот на бунтовниците Филип Лакуш во Криж побарал прогласување на република предводена од Стјепан Радиќ (на фотографијата). На 4 септември, толпата повторно се собрала во Велики Гревац; тие ги нападнале 15-те жандарми што ги придружувале пристигнатите службеници на округот. Според извештајот на Лагиња, во судирот загинал еден селанец, а неколкумина биле ранети пред жандармите предводени од капетанот Јанко Милчиќ да се распрснат и да побегнат. Милчиќ ја фрлил униформата и побегнал во Бјеловар 20 км подалеку. Понатамошни судири се случиле истиот ден во селото Рача кај Бјеловар; зградата на општинската влада била запленета и записите изгореа, а во Иванска, двајца селани биле убиени кога 300-члена толпа се судрила со жандарми. Истиот ден, селаните ја презеле контролата врз гратчето Чазма, околу 50 км источно од Загреб. Според Лагиња, толпа од околу 400 се соочила со девет жандарми во градот, принудувајќи ги да побегнат и да се сокријат; По ова, селаните продолжиле да земаат оружје пронајдено во окружните и општинските згради. Како одговор, следниот ден војската распоредила чета од Загреб со автоматска пушка. Засилувањата ја вратиле владината контрола врз Чазма по вооружениот судир што резултирало со жртви на 8 септември.

На 5 септември, околу 15 км јужно од Чазма, вооружена толпа ја зазеде жандармеријата во Криж и таму станало средиштето на бунтот. Бунтовниците го зеле оружјето најдено таму, ги исекле телеграфските и телефонските столбови и ја зазеле железничката станица во блиското село Новоселец. Во текот на следните два дена, бунтовниците го зеле сето огнено оружје што можеа да го најдат во Криж, упаднаа во зградите на општинските власти и ги запалиле сликите на кралот Петар I и регентот Александар пронајдени во канцелариите. На 7 септември, во станицата „Новоселец“ бил запрен возот што превезувал армиски засилувања од Загреб до Кутина, а престрелката меѓу бунтовниците и војниците резултирало со жртви на двете страни. Селаните го командувале возот со цел да го искористат за да помогнат во ширењето на востанието во блиските градови. Биле поставени селански чувари за да патролираат клучни области, а месните членови на ХПСП создавале и екипирале „народни судови“. Дополнителни судири се случиле на 5 септември во селата Северин и Велика Писаница во близина на Бјеловар. Истиот ден, армијата и жандармеријата распоредиле засилување во селата Фаркашевац и Тројство на запад и север од Бјеловар за да ја пресретнат гласините за помош од блиската унгарска граница. Бунтот, кој завршил до 9 септември во областа Криж, се нарекува и Кришка Република ().

Судири во Дуго Село и Свети Иван Желина На 6 септември, немирите се прошириле кон Загреб. Толпа од околу 600 селани нападнала жандармерија во селото Оборово пред да продолжи кон Дуго Село, околу 10 км источно од Загреб, преку селата Бреги и Јежево. Во Дуго Село биле разменети истрели со група жандарми, при што имало жртви од двете страни. Селаните ја задржале контролата над Дуго Село неколку часа пред властите да ја вратат контролата над гратчето. На 7 септември, жандармериската станица во Клоштар Иваниќ, на исто растојание меѓу Дуго Село и Криж, била нападната и заземена. Во боббата загинале двајца цариници, а нападнат бил општинскиот нотар. Армијата повторно го зазела гратчето на 9 септември.