Фотина (, Фотина) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 266 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа југозападно од градот Катерина, крај крстопатот на патишта ЕО13 (Катерина - Еласона) и тој што води за Морна и Фтери, на надморска височина од 300 м.
Историја Селото е подигнато по крајот на Граѓанската војна, но за првпат како населба се спомнува во пописот од 1971 г. кога е заведено со 434 жители. Во 1981 г. броело 440, а во 1991 г. 464 жители.
Население
Самоуправа и политика Во 1971 година, селото станало самостојна општина. Општината Фотина била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.
Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Фотина, во кој влегуваат Морна и Локово.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, обновена во 1950 г. Црква „Св. Петка“ — гробишна црква
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Катерина (општина)