Инела Ногиќ (родена 1976 г.) станала светски позната за време на опсадата на Сараево кога победила на натпреварот Мис опсадно Сараево во 1993 година, кој се одржал во подрум во обид да се избегнел налетот на снајперски напади од српските милиции. Ногиќ и останатите натпреварувачи држеле транспарент на кој пишувало „Не дозволувајте да не убијат“. Натпреварот бил документиран од режисер аматер, а Бил Картер потоа го користел во неговиот документарен филм Мис Сараево. Документарецот бил емитуван на меѓународно ниво, предизвикувајќи реакција на гледачите што дополнително го зголемила меѓународниот притисок за прекин на опсадата. Снимката од документарецот била вградена во синглот „Мис Сараево“ на ирскиот бенд U2 заедно со Брајан Ино и италијанскиот оперски пејач Лучано Павароти. Сликата на Ногиќ ја имало и на насловната страница на синглот, направена за време на натпреварот. Ногиќ тогаш имала 17 години.

По завршувањето на војната, Ногиќ била поканета на концертот на U2 во Сараево, и лично придружувана од бендот.

Ногиќ од 2012 година живее во Холандија и е мајка на две деца.

Поврзано

Ведран Смаиловиќ, познат како „виолончелистот на Сараево“ Ромео и Јулија во Сараево Госпоѓица Сараево

Наводи

Надворешни врски

https://www.volkskrant.nl/mensen/al-25-jaar-miss-sarajevo-betrokken-u2-vulde-zijn-zakken-over-onze-rug~b9f4e229/ Твитер профилот на Инела Ногиќ

Категорија:Опсада на Сараево Категорија:Луѓе од Сараево Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1976 година