мини|Џон Маклохлин Сина нота 2016 Џон МаклохлинТвртко Прћић: Нови транскрипциони речник енглеских личних имена, Прометеј, Нови Сад, 1998, стр. 92. (; р. 4. јануари 1942 во Донкастер, Англија) — англиски џез гитарист.

Списанието Ролинг Стоун го смести во 2003 година на 49. место на неговата листа во „100 најголеми гитаристи на сите времиња“. Тој свири различни музички жанрови, како што се џез, џез фјужн, индиска класична музика и фламенко.

Кариерата ја започнал во Англија, а во 1969 г се преселил во САД и свирел заедно со Мајлс Дејвис на албуми кои ја промовираат џез фузијата. Потоа ја основал групата Махавишну оркестар (1970-76 и 1984-86), која станала позната по својата џез-фјужн интерпретација. Тој исто така, свирел со музичари како што се Лери Корјел, Вејн Шортер, Ролинг Стоунс, Карлос Сантана. Маклохлин, исто така, основал неколку други групи: Шакти, со индиски музичари, кои изведувале комбинација од индиска музика и џез, и Гитарското трио со Пако де Лусија и Лари Корјел (подоцна заменет со Ал Ди Меола).

Извори

Надворешни врски

Категорија:Англиски гитаристи Категорија:Џез-музичари Категорија:Родени во 1942 година