„Тројца лоши луѓе“ (англиски: 3 Bad Men) — филм на режисерот Џон Форд (John Ford) од 1926 година. Главните улоги ги играат: Џорџ О’Брајан (George O'Brian), Олив Борден (Olive Borden), Лу Телеген (Lou Tellegen) и Том Санчи (Tom Santchi). Ова е последниот вестерн на Форд до појавата на филмот „Поштенската кочија“ од 1939 година. Во ова остварување се присутни сите својства на подоцнежните класици на Форд – привлечната нарација, добрата психологија на ликовите и чувството за ритам. Веројатно, овој филм претставувал инспирација за филмот „Тројца лоши луѓе во скриената тврдина“ на Акира Куросава од 1958 година.Tri loša čovjeka, američki film (пристапено на 30.3.2024)

Синопсис Откритието на злато во Дакота, на земјата на Сијуксите во 1877 година предизвикува златна треска. Оттука, многу луѓе доаѓаат во Кастер во потрага по подобар живот, а меѓу нив се и одметниците Бул и Мајк за кои е распишана потерница. Патем, тие ја спасуваат девојката Ли која ја нападнале разбојници, претходно убивајќи го татко ѝ. Мајк и Бул стануваат нејзини заштитници, а наскоро целосно го напуштаат својот поранешен начин на живот и се посветуваат на девојката...

Наводи

Категорија:Филмови на Џон Форд Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови од 1926 година Категорија:Филмови со Џорџ О’Брајан Категорија:Филмови со Лу Телеген Категорија:Филмови со Олив Борден Категорија:Филмови со Том Санчи