Хрватскиот парламент () или Сабор е еднодомен законодавен дом на Хрватска. Според хрватскиот устав, Саборот ги претставува граѓаните и му е доделена законодавната власт. Саборот е составен од 151 член избрани со мандат од четири години врз основа на непосредно, универзално и еднакво право на глас со тајно гласање. Мандатите се распределени според изборните единици: 140 пратеници се избираат во повеќепратенички изборни единици. Дополнителни три места се резервирани за дијаспората и за Хрватите во Босна и Херцеговина, а националните малцинства имаат резервирани осум места во парламентотwhile. Со Саборот претседава спикер, кому му помага најмалку еден заменик-спикер (обично се четири или пет заменици).

Белешки

Наводи

Категорија:Политика на Хрватска Категорија:Парламенти по земја