Планета на мајмуните: Ново кралство () — американски научнофантастичен акционен филм во режија на Вес Бол и сценарио на Џош Фридман, Рик Џафа, Аманда Силвер и Патрик Ајсон. Тоа е продолжение на „Планета на мајмуните: Војна“ од 2017 г. и четвртиот дел од обновената франшиза „Планета на мајмуните“. Во главната улога е Овен Тиг. Во филмот играат и Фреја Алан, Кевин Дјуранд, Питер Мејкон и Вилијам Мејси.
Планета на мајмуните: Ново кралство бил објавен во САД на 10 мај 2024 г. од студиото 20th Century. Филмот добил потврдни одзиви од критичарите, кои ја пофалиле режијата, акционите сцени, посебните ефекти и глумата, но го критикувале темпото на приказната.
Содржина 300 години по настаните од филмот „Планета на мајмуните: Војна“ (2017), во оазата каде Цезар ги водел своите браќа, се создавале многу кланови на мајмуни, а луѓето дивееле. Водачот на мајмуните — Проксим Цезар — го изопачува наследството на Цезар со цел да ги пороби другите кланови во потрага по човечка технологија, а шимпанзото Ноа тргнува на опасно патешествие со младата девојка по име Меј за да ја промени идната судбина и на мајмуните и на луѓето.
Улоги ГлумецУлогаОвен ТигНоаФреја АланМејКевин ДјурандПроксим ЦезарПитер МејконРакаВилијам Х. МејсиТреватанТравис ЏефриАнајаЛидија ПекамСунаНил СандиландсКоро
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски научнофантастични филмови