Genesis ― англискa рок-група основана во Годалминг, Сари, во 1967 година. Најуспешната постава на групата се состоела од клавијатуристот Тони Бенкс, басистот и гитарист Мајк Радерфорд и тапанарот и пејач Фил Колинс. Во 1970-тите, членови на групата биле: пејачот Питер Габриел и гитаристот Стив Хакет. Genesis биле меѓу пионерите на прогресивниот рок.
Со продадени 100 милиони албуми, Genesis се вбројува меѓу изведувачите со најмногу продадени албуми во светски рамки. Објавиле 15 студиски и 6 албуми во живо. Тие освоиле многу награди (меѓу кои и Греми за најдобро концептно музичко видео за „Land of Confusion“). Во 2010 година, Genesis биле примени во Куќата на славата на рокенролот.
Историја
1967–1969: Основање и почетоци Групата Genesis била основана од: Питер Гејбриел, Тони Бенкс, Ентони „Ент“ Филипс, Мајк Радерфорд и тапанарот Крис Стјуарт. Тие се запознале во 1963 година во училиште во градот Годалминг во Сари. Петтемина основачки члена свиреле во една од двете училишни групи.
Во јануари 1967 година, по распаѓањето на училишните групи, Филипс и Радерфорд продолжиле заедно да пишуваат песни и направиле демо-лента за која ги поканиле и Бенкс, Гејбриел и Стјуарт. Тие снимиле шест песни: „Don't Want You Back“, „Try a Little Sadness“, „She's Beautiful“, „That's Me“, „Listen on Five“ и инструменталката „Patricia“. Џонатан Кинг им помогнал на членовите на групата, тогаш на возраст меѓу 15 и 17 години, да потпишат едногодишен договор за снимање со Decca Records.
Од август до декември 1967 година, квинтетот снимил избор на потенцијални синглови со подолги и посложени нумери, но Кинг ги советувал да се придржуваат до поедноставниот поп. Членовите на групата исто така го прифатиле предлогот на Кинг групата да се вика „Genesis“, што укажува на почетокот на неговата продуцентска кариера. „The Silent Sun“ бил прв сингл на групата, со „That's Me“ на Б-страната, издаден во февруари 1968 година. Во август 1968 година, Стјуарт ја напуштил групата за да продолжи со студии. На негово место дошол нивниот соученик од Чартерхаус, Џон Силвер.
Кинг верувал дека групата ќе постигне поголем успех со албум. Како резултат на тоа тие за десет дена го снимиле албумот From Genesis to Revelation за време на летниот распуст во август 1968 година. Откако албумот бил издаден во март 1969 година, тој не се продавал добро затоа што многу продавници за плочи според иметоFrom Genesis to Revelation - на македонски во буквален превод „Од Битие до Откровение“ го ставиле во отсекот за религиозна музика. Поради слабата продажба на албумот, групата се разделила со Кинг и со Дека Рекордс.King, Jonathan.
Силвер ја напуштил групата за да студира во САД. Негова замена бил тапанарот Џон Мејхју.
Својот прв значаен успех, групата Genesis го постигнала со нивниот втор студиски Trespass. Албумот бил издаден на 23 октомври 1970 година за Charisma Records и бил нивен последен албум со оригиналниот гитарист Ентони Филипс и нивен единствен албум со тапанарот Џон Мејхју. Албумот содржел подолги и посложени песни и за разлика од поп-ориентираните песни од првиот албум содржел елементи на фолк и прогресивна рок-музика. Trespass стигнал до прво место во Белгија во 1971 година и 98 место во ОК во 1984 година. „The Knife“ бил издаден како сингл во мај 1971 година.
По снимањето на Trespass, Филипс ја напуштил групата Genesis поради лоша здравствена состојба и анксиозност при настапите. Бенкс, Гејбриел и Радерфорд го сметале Филипс за важен член од групата и сметале дека неговото заминување е голема закана за опстанокот на групата. Гејбриел и Радерфорд решиле групата да продолжи да снима песни, а Бенкс се согласил под услов да најдат нов, подобар тапанар. Поради тоа, Мејхју бил отпуштен.
1970–1976: Класична петчлена постава и заминување на Гејбриел Потрагата по нов гитарист и тапанар започнала со реклами поставени во Мелоди Мејкер. Рекламата ја забележал тапанарот Фил Колинс, поранешен член на Flaming Youth, кој веќе го познавал Стратон Смит. Роџер Тејлор, подоцна член на Queen, ја одбил поканата за аудиција. Во август 1970 година, Колинс станал нов тапанар на Genesis.
Во декември 1970 година, Гејбриел забележал реклама во Мелоди Мејкер од Стив Хакет, поранешен член на Quiet World, кој сакал да се приклучи на група „со приемливи музичари, решени да ги надминат постоечките застојани музички форми“. Хакет бил на аудиција и се приклучил на Genesis во јануари 1971 година.
По опсежните турнеи за поддршка на нивниот претходен албум Trespass (1970), групата во студиото Trident почнала да го снима третиот албум. Некои песни на групата станале поагресивни, со значително подобрени тапани и нови техники на електрична гитара.
Третиот албум на групата, Nursery Cryme, бил објавен на 12 ноември 1971 година. Албумот добил мешани критики и на почетокот неговата продажба била слаба; тој не се пласирал на топ-листите во ОК до 1974 година, кога се искачил до 39-то место. Сепак, албумот бил успешен во континентална Европа, а најмногу во Италија. Од ноември 1971 до август 1972 година, Genesis направиле турнеја за да го поддржат албумот. лево|мини|225x225пкс| Гејбриел во 1974 година ја пее „Watcher of the Skies“, облечен во наметка со крилја од лилјак и флуоресцентна шминка Албумот Foxtrot бил издаден на 15 септември 1972 година. На албумот се наоѓа и нивната најдолга песна, 23-минутната „Supper's Ready“. Foxtrot бил последен албум на Genesis чиј омот го дизајнирал Пол Вајтхед; имало лисица облечена во црвен фустан. Фронтменот Питер Гејбриел носел таков фустан и глава на лисица на настапите на следната турнеја, што го привлекло вниманието на медиумите и ја направило групата уште популарна.
Foxtrot бил прв албум на Genesis на топ-листата во ОК, каде стигнал до 12-то место и добил претежно позитивни критики. Албумот се сикачил на прво место во Италија. Во исто време бил издаден и неалбумски сингл, „Happy the Man“.
Промотивната турнеја за овој албум била снимена и издадена во 1973 година на албумот Genesis Live, а неколку месеци подоцна го издале и новиот студиски албум, Selling England by the Pound, кој станал нивен дотогаш најпродаван албум. На британската топ-листа албумот стигнал до трето место. Синглот од албумот, „I Know What I Like (In Your Wardrobe)“, бил издаден во февруари 1974 година и станал прв топ-30 хит на групата во Обединетото Кралство.
Додека групата работела на нов материјал во Хедли Гранџ, тие решиле да продуцираат концептен албум со приказна која ја измислил Гејбриел за Раел, порториканец од Њујорк, кој одлучува да тргне на патување на самооткривање и патем наидува на бизарни случки и ликови. Создавањето на албумот било пропратено со зголемени несогласувања во групата затоа што Гејбриел, кој инсистирал да го напише текстот за сите песни, привремено заминал да работи со режисерот Вилијам Фридкин и му требало време да биде со своето семејство. Повеќето песни биле направени од остатокот групата преку џем-сесии. На 22 ноември 1974 година, групата го издала двојниот концептен албум The Lamb Lies Down on Broadway. Тоа бил нивен најдолг албум дотогаш.
Албумот на почетокот добил мешани критики, но добил пофалби во годините што следеле и стекнал култни следбеници. Песните „Counting Out Time“ и „The Carpet Crawlers“ биле издадени како синглови во Британија во 1974 и 1975 година, соодветно; не успеале да се пласираат на топ-листата. Во САД бил објавен сингл од „The Lamb Lies Down on Broadway“. Genesis го промовирала албумот со нивната турнеја од 1974 до 1975 година низ Северна Америка и Европа, на која во целост го свиреле албумот.
На турнејата Питер Гејбриел им соопшти на членовите дека ја напушта групата. десно|мини|245x245пкс|Радерфорд, Гејбриел и Колинс за време на турнејата за поддршка на албумот The Lamb Lies Down on Broadway
1975–1977: Колинс како фронтмен на групата и заминување на Хакет По турнејата Lamb, Хакет го снимил неговиот прв соло-албум Voyage of the Acolyte затоа што не бил сигурен дека Genesis ќе опстане по заминувањето на Гејбриел. Снимањето на седмиот студиски албум започнало во октомври 1975 година со Хентшел како продуцент. Тие поставиле анонимна реклама во Melody Maker за „пејач за група од типот на Genesis“, на која одговориле 400 луѓе. Откако не успеале да најдат соодветен пејач, членовите на групата одлучиле Колинс да стане нов главен вокал на групата. Колинс потоа пеел на преостанатите песни.
Албумот A Trick of the Tail бил издаден во февруари 1976 година. По објавувањето, критичарите биле воодушевени од подобрениот квалитет на музиката и од способноста на групата да опстане по заминувањето на Гејбриел без притоа да се намали квалитетот на музиката. За прв пат во својата историја Genesis снимиле промотивни видеа за нивните песни, вклучувајќи ги: „A Trick of the Tail“ и „Robbery, Assault and Battery“. Од март до јули 1976 година, Genesis биле на концертна турнеја низ Северна Америка и Европа со Колинс како фронтмен и Бил Бруфорд како тапанар. Концертите во Глазгов и Стафорд биле снимени и во февруари 1977 година го објавиле нивниот концертен филм Genesis: In Concert.
Во септември 1976 година, Genesis се преселила во Relight Studios во Хилваренбек во Холандија за да го сними албумот Wind & Wuthering. Осмиот студиски албум Wind & Wuthering бил нивен прв албум снимен надвор од Обединетото Кралство. Албумот бил издаден во декември 1976 година, но пишувањето и снимањето на албумот предизвикале внатрешни несогласувања затоа што Хакет сметал дека некои од неговите дела биле отфрлени за сметка на материјалот од клавијатуристот Тони Бенкс. лево|мини|249x249пкс| Хакет во јануари 1977 година на турнејата Wind & Wuthering, последна негова турнеја со Genesis пред да ја напушти По објавувањето на албумот, Genesis тргнале на светска турнеја низ Европа, Северна Америка и за прв пат во Бразил. Турнејата била нивната последна турнеја со Хакет и прва турнеја со Честер Томпсон кој бил ангажиран како тапанар за турнејата.
Во мај 1977 година, Genesis го објавиле Spot the Pigeon, ЕР со три песни. Ова било последно издание на Genesis пред Хакет да ја напушти групата. Тој сакал да започне соло кариера и „да го преземе ризикот за да открие колку е добар како соло изведувач“.Band Interviews feature from ... Веста за заминувањето на Хакет се совпаднала со двојниот албум во живо на групата Seconds Out, снимен во Париз на турнеите A Trick of the Tail и Wind & Wuthering и бил објавен во октомври 1977 година.
1977–1995: Групата по заминувањето на Хакет до заминувањето на Колинс Албумот ...And then There Were Three..., издаден на 31 март 1978 година, бил прв албум на Genesis кој тие го снимиле како трио (пејачот и тапанар Фил Колинс, клавијатуристот Тони Бенкс и басистот и гитарист Мајк Радерфорд). Албумот означил промена во музичкиот стил на групата и содржел примеси на нивната препознатлива прогресивна рок-музика со покомерцијална музика, а Колинс придонел во пишувањето на поголемиот дел од песните на групата. За промовирање на албумот, Genesis биле на светска турнеја гитаристот за турнеја Дерил Стуермер и тапанарот Честер Томпсон, кои следните три децении ќе станат столбови на турнеите на групата.
По период на неактивност на групата, во март 1980 година Genesis го објавиле албумот Duke. Албумот содржел мешавина од поединечно напишани песни и нумери кои настанале од џем-сесиите во средината на 1979 година. Стигнал до 11-то место во САД и станал нивен прв албум кој се искачил на прво место во Обединетото Кралство.
Во ноември 1980 година, Genesis ја купиле фарма во близина на Чидингфолд во Сари, како нивно ново место за проби и снимање музика и ја преуредиле во студио. Во студиот го снимиле албумот Abacab, кој бил издаден на 18 септември 1981 година.