thumb|десно|150px|„Гневот на Ахил“ од Франсоа-Леон Бенувиј, 1859 г.

Ахил, Ахилеј или Ахилес ( = „без усни“) — во старогрчката митологија, син на кралот Пелеј и на божицата Тетида, главен јунак во ИлијадатаArtur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр.200. и најголемиот старогрчки јунак во Тројанската војна. Мирмидонците, племе од Тесалија, имале крал по име Пелеј, чиј двор се наоѓал во Фитија. Ахил растел и се воспитувал според македонските кралски обичаи, со кралски другари и придружба во учењето, игрите и борбите. Негови воспитувачи биле прославениот калидонски ловец Феник и кентаурот Хирон: првиот го учел ораторство и воени вештини, а вториот — лекарски вештини.„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 163. Во митологијата, Ахил најчесто е претставен како совршен човек кој верува во честа, не лаже, и убива само кога е во опасност. Тој се одликува со неизмерна сила, а неговата слаба точка е петата: според легендата, неговата мајка, кога го родила, го потопила во реката Стикс за да го направи бесмртен, а единствено место каде водата не допрела била неговата пета, која воедно е единствениот ранлив дел од неговот тело. Принцот Парис случајно го открил слабото место на Ахил и така успеал да го убие.Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 568-579.

Ахил како мотив во уметноста и во популарната култура „Гневот на Ахил“ — слика на Франсоа-Леон Бенувиј (François-Léon Benouville) од 1859 година. „Привремено како Ахил“ (Temporary Like Achilles) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1966 година.YouTube, Bob Dylan - Temporary Like Achilles - Lyrics (пристапено на 23.12.2019)

Наводи

Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Илијада Категорија:Ликови од старогрчката митологија Категорија:Личности од Тројанската војна