Андреа Камбјазо (роден на година, во Џенова) — италијански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Технички карактеристики Лев бек, кој може да игра и по десната страна, подобен за позицијата страничен дефанзивец во одбрана од 4 или 3 играчи. Покрај тоа, тој може да игра странично и како играч од средниот ред во 4-4-2 формација, и, доколку е потребно, како централен играч од средниот ред. Технички, тој покажува склоност кон офанзивната фаза на играта, во која се истакнува со асистенции што може да им ги пружи на соиграчите; брз и добар во прогресија, има добра промена на темпото, поединечна техника и не се плаши да влегува во дуели.

Клупска кариера Роден во Џенова, Камбјазо израснал во младинскиот сектор на истоимениот клуб. За сезоната 2017-2018, тој бил позајмен на Албисола, во Серија Д, за којa одиграл 21 натпревар и на крајот од првенството изборил промоција во Серија Ц. Следната година бил испратен на позајмица во Савона, повторно во Серија Д. Во оваа прилика, тој го постигнал својот прв гол во кариерата, уште на своето првенствено деби за Савона, во победата со 4-1 на домашен терен над Боргаро. Сезоната ја завршил со 32 настапи и 2 гола.

На 2 август 2019 година, тој трета сезона по ред заминал на позајмица, овојпат во во Серија Ц. Своето деби за клубот го имал на 25-ти истиот месец, во натпреварот со кој била отворена сезоната против Гоцано. Во дресот на Алесандрија во сезоната 2019-2020, која останала не завршена до крај поради пандемијата на КОВИД-19, собрал 17 настапи.

Во сезоната 2020-2021, Камбјазо бил позајмен на , во Серија Б. Поради присуството на неговата позиција на Фабијано Паризи и Алекса Терзиќ, тој добил можност од тренерот Алесио Дионизи да игра само во 7 првенствени натпревари, но иако како спореден играч сепак помогнал во освојувањето на првенството и последователната промоција во Серија А.

После четири години позајмици, тој се вратил во Џенова за сезоната 2021-2022 и го имал своето деби во Серија А на 21 август, на 21-годишна возраст, во натпреварот од првото коло на првенството во кое грифоните загубиле со 4-0 од на стадионот Џузепе Меаца. Играјќи редовно како стартер во Џенова уште од самиот почеток на сезоната на 29-ти истиот месец тој го постигнал својот прв гол во елитната дивизија во Италија, во поразот на домашен терен со 2-1 од . Првата сезона во Серија А во кариерата, ја завршил со 26 настапи и еден гол, оставајќи многу добар впечаток. Сепак и покрај позитивната сезона на личен план, истата за неговата екипа завршила разочарувачки со испаѓање во Серија Б.

Настапите понудени во неговата прва сезона во Серија А му го привлекле вниманието на , кој го купил на 14 јули 2022 година за сума од 8,5 милиони евра плус бонуси; во исто време, клубот од Торино за следната сезона го позајмил на , каде брзо се наметнал во стартните единаесет и придонесува за позитивнaтa сезона на Болоња која го завршила првенството во средината на табелата.

Откако се вратил во Јувентус во летото 2023 година, тој го имал своето деби во црно-белиот дрес на 20 август, во победата со 0-3 на гостувањето кај , забележувајќи асистенција за третиот гол кој го постигнал Адријан Рабио. Својот прв гол за клубот од Торино го постигнал на 28 октомври истата година, проследувајќи ја топката во мрежата во последните секунди за победата со 1-0 на домашен терен против ; потоа на 4 јануари 2024 година, го постигнал својот прв гол во Купот на Италија, во победата со 6-1 над во осминафиналето. Подоцна, со Јувентус го освоил Купот на Италија, по победата со 1-0 над , за која тој асистирал за одлучувачкиот гол на Душан Влаховиќ.

Репрезентативна кариера На 30 август 2021 година, тој го добил својот прв повик во италијанската репрезентација под 21 година, од тренерот Паоло Николато, но дебитирал неколку месеци подоцна, на 12 ноември, играјќи како стартер во натпреварот добиен со 2-0 во Даблин против Ирска, во квалификациите за Европското првенство 2023. Откако Италија се квалификувала, Камбјазо бил повикан да ја претставува својата земја на споменатото првенство кое се одржало во Грузија и Романија. За време на првенството забележал еден настап, заменувајќи го Раул Беланова во третиот натпревар од групната фаза, против Норвешка, кој aѕурините го загубиле со 1-0 и со тоа ја потпишале својата елиминација.

Во ноември 2023 година, тој за првпат бил повикан во сениорската репрезентација од селекторот Лучано Спалети, за квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 против и , но и во двата останал неискористена замена; неговото деби, сепак се случило на 21 март 2024 година, кога излегол на теренот како стартер во пријателскиот натпревар на аѕурите во Форт Лодердејл против .

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 15 мај 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 Албисола Д 21+3Скудето Серија Д. 0 КИ-Д 1 0 - - - - - - 25 0 2018-2019 Савона Д 32+1Плејоф. 2 КИ-Д 3 0 - - - - - - 36 2 2019-2020 Ц 17 0 КИ+КИ-Ц 1+1 0 - - - - - - 19 0 2020-2021 Б 7 0 КИ 2 0 - - - - - - 9 0 2021-2022 А 26 1 КИ 2 0 - - - - - - 28 1 2022-2023 А 32 0 КИ 2 0 - - - - - - 34 0 2023-2024 А 34 2 КИ 5 1 - - - - - - 39 3 2024-2025 А 33 2 КИ 1 0 ЛШ 7 0 СИ+Скп 1+0 0+0 42 2Вкупно Јувентус 67 4 6 1 7 0 1 0 81 5Вкупно во кариерата 172 5 17 1 - - - - 189 6

Титули Клупски Абисола Серија Д : 1 2017-2018 (група E) Емполи Серија Б : 1 2020-2021 Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024

Наводи

Надворешни врски

Андреа Камбјазо на soccerway Андреа Камбјазо на transfermarkt Андреа Камбјазо на ESPN Андреа Камбјазо на tuttocalciatori Андреа Камбјазо на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Италијански фудбалери