мини|Логото на Цикада 3301|261x261пкс Цикада 3301 () — организација што објавила загатки на семрежјето. Сите тие се поврзани со безбедноста на податоците, криптографијата и стеганографијата. Со нивна помош, основачите избираат луѓе што ќе се приклучат на нивната заедница.

На 4 јануари 2012 г., следнава објава била објавена на 4chan:

Првата серија загатки траела околу еден месец. Втората започнала на 5 јануари 2013 г., третата на 6 јануари 2014 г., откако загатката била објавена на Twitter. Немало нови загатки во 2015 г. Нова порака била објавена на Twitter на 6 јануари 2016 г., но не содржела загатка.

Постојат подражавачи што објавуваат загатки под името „Цикада 3301“, но тие обично не содржат цифрен потпис или се потпишани со неточни клучеви.

Во 2017 г., на Pastebin била пронајдена нова порака со важечки PGP-потпис:

Загатката сѐ уште не е решена.

Цел Точните цели на организацијата остануваат нејасни. Познати се само неколку критериуми за избор во заедницата:

Висока интелигенција, без да се земе предвид тестот за коефициент на интелигенција; Владеење на програмирање; Високо познавање на криптографија и слични науки за шифрирање; Вештини за работа со Linux-системи; Високо ниво на информатичка обука.

На крајот на 2012 г., еден од победниците на „изборот“, Маркус Вонер, изјавил дека Цикада 3301 развива примени за анонимно и безбедно општење на семрежјето.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Тајни здруженија Категорија:Мистерии