мини|Агуа де Јамајка, популарен пијалак од ладен чај во Мексико Мексиканската чајна култура е позната по традиционални билни чаеви за кои се верува дека имаат лековити својства. Во последните децении, увезените чајни напитоци се популаризирале и во Мексико. Рецептите за мексикански чај станале популарни и надвор од Мексико.

Историја На територија на денешното Мексико растат многубројни автохтони растенија кои биле користени од локалните култури за правење инфузии со векови пред шпанската колонизација. Сепак, чаевите од Европа и Азија не се воведени во мексиканското земјоделство и допрва треба да го достигнат нивото на популарност како што го имаат во многу други земји. Климата во Мексико е разновидна, од пустини до планински висорамнини и тропски дождовни шуми на југоисток. Југоисточниот регион може да биде поволен за одгледување и на увезени чаеви.

Мал број истакнати установи во Град Мексико имаат формални чајџилници во кои што се служи чај во британски стил, вклучувајќи ги и хотелот Маркиз Реформа и хотелот Президент Интер-Континентал Град Мексико.

Билни чаеви мини| Сет за чај од сребро и злато изложени во музејот Франц Мајер во Град Мексико. Билните чаеви се вообичаени во Мексико. Многу видови на билки, домашни и увезени, се продаваат низ мексиканските пазари. Традиционалните лековити билни инфузии се вообичаени и во некои мексикански имигрантски заедници во Соединетите држави.

Покрај тоа што се користи растението Hedeoma drummondii за правење пијалаци во Мексико, ова растение се користело и како кулинарски зачин од домородните култури северно од Мексико. Утврдено е дека Poleo чајот е богат со антиоксиданси.

Hierba buena (добра билка) е името кое е дадено на различни чаеви од нане што се продаваат низ многу пазари во Мексико. Ова растение е слично на yerba mate, кое се користи во многу земји од Латинска Америка како мате, и пошироко се смета дека има здравствени придобивки. Благите стомачни проблеми често се третираат со напиток од лимонова трева или лимон.

Традиционалните мексикански чаеви треба да се консумираат со голема претпазливост, бидејќи погрешните дози на одредени видови чај може да бидат токсични.

Во Мексико и Бразил најчесто се пие чај од дамјана направен од лисја од дамјана кое се користи за лекување на импотенција.Damiana Uses, Benefits & Side Effects - Drugs.com Herbal Database. www.drugs.org. Ацтеките користеле ист вид на чај.

Чајот од камилица е популарен во Мексико.

Модерни чаеви мини| Сушени цветови на растението флор де Јамајка ( хибискус ), што се користи за правење агуа де Јамајка или јамајкански леден чај. Jамајканскиот леден чај е популарен билен чај направен од цвеќиња и лисја на јамајканската билка хибискус (Hibiscus sabdariffa), позната и како flor de Jamaica во Мексико. Се служи ладно и прилично слатко со многу мраз. Црвениот пијалак, наречен на македонски чај од хибискус, во Мексико е познат како агуа де Јамајка (вода од Јамајка) и е широко достапен во рестораните и кај уличните продавачи.

Чампурадо Чампурадо е мексикански чоколаден пијалак, понекогаш погрешно наречен мексикански чоколаден чај. Тоа е популарен рецепт кој се извезува и во САД. Овој пијалак се прави со зачини од чоколадо и цимет. Чампурадото бил традиционален пијалак на Ацтеките, направен од зрна какао.

Поврзано

Мексиканска кујна Чај Билен чај Традиционална медицина

Наводи

Категорија:Мексиканска кујна Категорија:Народна медицина Категорија:Чајна култура Чајна