Куќата на приказната во Тајпеј (кинески: 台北故事館), порано познат како замокот Јуаншан (кинески:圓山別莊), е историска куќа во округот Жонгшан, Тајпеј, Тајван. Моментално е отворено како музеј во Експо паркот Тајпеј.
Преглед Куќата била изградена во 1913-1914 година за време на јапонското владеење од Тан Тиау-Чун (кинески:陳朝駿), трговец со чај од областа Даитотеи.Taipei Story House,Discover Taiwan.Taipei Story House , Taipei Travel. Првично била гостинска куќа за локални достоинственици и гости од странство.
Приземјето е изградено од тула, а горните катови од дрво со греди во англиски стил на Тудор. Скалите биле конструирани да изгледаат како пагода. На фронтонот над влезот има витраж во зелена, жолта и црвена боја. Внатре има два камини, со голем број на арт нову плочки и тавански светилки со барелефни цветни дезени.
Музејот сега има експонати поврзани со чајот и локалната историја. Се наоѓа во непосредна близина на музејот за ликовни уметности во Тајпеј и блиску до метро станицата Јуаншан.
Транспорт Зградата е во непосредна близина пеш на североисточно страна од станицата Јуаншан на метрото во Тајпеј.
Цени Цената за посета на музејот е 50НТ$ (нови тајвански долари) по особа. Влезот е бесплатен за лица под 6 или над 65 години.
Работно време Музејот е отворен од 10:30 до 18:30 часот, од вторник до сабота.
Поврзано
Список на туристички атракции во Тајван Замокот на улицата Тајпеј Футаи Бирото за монопол
Наводи
Надворешни врски
Веб-страница на Taipei Story House Тајпеј приказна куќа https://guidetotaipei.com/visit/taipei-story-house-%E5%8F%B0%E5%8C%97%E6%95%85%E4%BA%8B%E9%A4%A8
Категорија:Роднокрајни музеи Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Историја на Тајпеј Категорија:Кинески чај