Бакара (шпански: Baccara) ― шпанско женско дуо основано во 1977 година. Членови на групата биле пејачките Мајте Матеос (родена на 7 февруари 1951) и Марија Мендиола (4 април 1952 - 11 септември 2021). Името го презеле од бакара, сорта рози.
Дуото се стекнало со голема популарност во Европа по објавувањето на нивниот прв сингл „Yes Sir, I Can Boogie“, кој се искачил на прво место на топ-листите низ поголемиот дел од Европа и со продадени над 16 милиони примероци станал најпродаван сингл од женска група на сите времиња. Други нивни популарни песни биле: „Sorry, I’m a Lady“ (август 1977) и „The Devil Sent You to Lorado“ (ноември 1978). Поради успехот на нивните синглови и нивната популарност во Европа во тоа време, дуото било избрано да го претставува Луксембург на Евровизија во 1978 година. Настапиле со песната „Parlez-vous français?“ и завршиле на седмо место.
И покрај големиот број обожаватели кои групата ги имала во Шпанија, Германија и Јапонија; нивната музика која била спој на диско, поп и шпанска народна музика во 1981 година повеќе не била во мода. По правни спорови, Матеос и Мендиола се разделиле во 1981 година. Во 1983 година, Матеос и Мендиола основале свои групи.
Дискографија
Студиски албуми 1977: Baccara 1978: Light My Fire 1979: Colours 1982: Bad Boys
Хронологија
Наводи
Надворешни врски
Baccara официјална веб-страница
Категорија:Музички групи основани во 1977 Категорија:Музички групи распаднати во 1981 Категорија:Женски музички групи Категорија:Шпански музички групи Категорија:Учесници на Евровизија Категорија:Претставници за песна на Евровизија од Луксембург Категорија:Диско групи Категорија:Поп-групи Категорија:Музички групи основани во 1977 година