Перух или Перов (, Агиос Петрос; до 1927 г. Περόφ, Пероф) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.
Географија Перух се наоѓа на северните падини на планината Боздаг и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Сидерово, Вршен и Пепелаш.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Перух било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал дека жителите на Перши биле Македонци муслиманиНарекувајќи ги „Помаци“. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Перух (Perouh) било село со 45 домаќинства на вкупно 140 жители Македонци муслимани. Според Стефан Верковиќ на крајот на XIX век Перух имал 167 мажи Македонци муслимани, кои живеел во 45 куќи.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Перух (Перухъ) живееле 320 Македонци муслимани.
Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Перух живееле 68 семејствао со вкупно 341 лице.
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Перух (Περώφ) живеело 371 лице.
Во 1920 г. селото имало 305 жители.
Во 1923 г. жителите на Перух како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Агиос Петрос (Άγιος Πέτρος), во превод „Свети Петар“. До 1928 г. во селото се доведени 74 грчки колонисти (24 семејства) дојдени од Турција. Во 1928 г. населението се состоело од 105 жители, а во 1940 година тоа се зголемило на 124 лица.
Напуштено е за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и не било обновено.
Наводи
Категорија:Историски села во Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Чеч