Долна Лакавица или само Лакавица (, до 1927 г. Λακάβιστα, Лакавица) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.

Географија Селото се наоѓа на југозападните падини на Родопите и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Ловчишта, Осеница, Попово Село, Странен, Борово, Даблен и Оштица. Низ селото тече рекичка која се влева во Мужделска Река.

Историја Во Отоманското Царство Во подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. Долна Лакавица (Лукавиче-и бозург) се води вака — муслимани: 2, ергени - 1; немуслимани: 27, ергени - 6, вдовици - 1. Во скратен регистар од 1530 г. за Долна Лакавица (Лъкавиче-и Ќучук) се вели муслимани: 5 домаќинства, ергени - 8; немуслимани: 15 домаќинства, ергени - 3, вдовици - 5.Радушев, стр. 130 Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на селото е претставено вака: муслимани - 10 семејства и 13 ергени; немуслимани - 4 семејства и 3 ергени. Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската Каза за 1723 г. од селото Долна Лакавица (Л’кавиче-и изир) се попишани 7 муслимански домаќинства.Радушев, стр. 245-246

Во XIX век Долна Лакавица било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долна Лековица (Dolna-lekovitsa) било село со 32 домаќинства на 86 жители Македонци муслимани.Нарекувајќи ги „Помаци“. Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Долна Лакавица имала 106 мажи Македонци муслимани, кои живееле во 32 куќи.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Долна Лакавица била македонско муслиманско село. Во него живееле 250 Македонци муслимани во 50 куќи.

Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Долна Лакавица (Λακάβιτσα, Лакавица) живееле 326 лица. Во 1920 г. селото имало 390 жители.

Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Ти се населиле во селото Чобанчешмеси кај Кешан во Одринско. Во 1927 г. селото е преименувано во Лакуда (Λακκούδα). Во 1928 г. Долна Лакавица се состоела од 77 лица (25 семејства) грчки доселеници од Турција. Селото е напуштено за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и повеќе не е обновено.

Наводи

Категорија:Историски села во Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Чеч