Брз како куршум () — американски комичен акционен филм во режија на Дејвид Лич и сценарио на Зак Олкевич. Филмот е заснован на истоимениот роман напишан од Котаро Исака. Главните улоги ги толкуваат Бред Пит, Џои Кинг, Арон Тејлор-Џонсон, Брајан Тајри Хенри, Ендру Коџи, Хиројуки Санада, Мајкл Шенон, Бенито А. Мартинес Окасио и Сандра Булок. Заплетот следи платен убиец што доаѓа во судир со неговите непријатели додека патува со јапонски експресен воз.

Содржина Баксузниот платен убиец Бубамара (Бред Пит) е решен да си ја работи својата работа мирно откако неколку мисии тргнале по зло. Но судбината има други планови, па последната мисија на Бубамара е всушност судир со смртоносни противници од целиот свет, сите во соперништво околу најбрзиот воз на светот. Последната постојка е само почетокот на ова возбудливо непрекинато возење низ современа Јапонија.

Улоги

|Бред Пит |Бубамара |- |Џои Кинг |Принцот |- |Арон Тејлор-Џонсон |Мандарина |- |Брајан Тајри Хенри |Лимон |- |Ендру Коџи |Јуичи Кимура / Таткото |- |Хиројуки Санада |Старецот |- |Мајкл Шенон |Белата Смрт |- |Бед Бани |Волкот |- |Сандра Булок |Марија Буба

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови