Пожарска Клисура () — впечатлива клисура во Мегленско, Егејска Македонија.
Опис Клисурата се наоѓа на реката Топлица или Колова Река (Рема Николау) во северозападниот дел на Мелгленско. Топлица се образува од потоците Рамни Бор, Конопица и Лута во југоисточниот дел на планината Ниџе. Реката се спушта змиулесто, паѓа од мали водопади и водата има тиркизна боја. Клисурата има стрмни падини и обрасната е со густа борова шума. Во карпите околу излезот од клисурата има многу пештери со траги од праисториско живеење — пештерскиот комплекс го носи името Мегленски пештерски парк. Кон излезот на надморска висина од 360–390 м извираат топли извори со вода која достигнува температура од . Се работи за дождовница која тоне длабоко во земјата, каде температурата силно ѝ се зголемува и се враќа на површината веќе богата со минерали. Тука се изградени Пожарските минерални бањи.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Клисури во Егејска Македонија Категорија:Меглен Категорија:Ниџе