Самара Вивинг (англ. Samara Weaving; родена на 23 февруари 1992) ― австралиска глумица и манекенка. Кариерата ја започнала во 2008 година со улогата на Кирстен Малрони во серијата „Од ведро небо“ (англ. Out of the Blue). Од 2009 до 2013 година, таа ја играла Инди Вокер во сапуницата „Дома и на гости“ (2009–2013) (англ. Home and Away), за која добила номинација за награда AACTA.

Вивинг глумела во филмовите на ужасите: Ден на хаосот и Бејбиситерка (The Babysitter) (и двата во 2017) и добила многу награди за улогата во драма-филмот Три Билборди пред Ебинг, Мисури (2017). Таа добила пофалби за нејзината изведба во хорор-комедијата Подготвена или не (Ready or Not) (2019), што бил нејзин прв американски театарски филм во главна улога и ја етаблирал како „кралица на вресокот“. Нејзини следни хорор-улоги биле Бејбиситерка 2 (2020), Вресок 6 (2023) и Азраил (2024).

Вивинг наизменично глумела на филм и на телевизијата. Таа глумела во минисериите: „Пикник кај Хенгинг Рок“ (2018), Холивуд (2020) и Девет совршени странци (2021) и во филмовите: „Guns Akimbo“ (2019), Бил и Тед се соочуваат со музиката ( 2020), Последен момент на јасност (2020), Вавилон (2022), Шевалие (2022) и Батлер (2022).

Животопис Вивинг е родена на 23 февруари 1992 година во Аделаида. Нејзиниот татко, Сајмон Вивинг, е Англичанец. Нејзината мајка, Хелена Безина, е Малтежанка. Таа детството го поминала во Сингапур, Фиџи, Австралија и Индонезија. Нејзиниот татко е филмски режисер и предавач на Универзитетот во Њукасл во Њукасл, Нов Јужен Велс, како и уметнички директор на Меѓународниот филмски фестивал во Канбера. Нејзината мајка е уметнички терапевт која предава музејски студии на Универзитетот во Њукасл. Нејзината помлада сестра, Морган, исто така е глумица; нејзин вујко е британскиот глумец Хуго Вивинг.

Вивинг и нејзиното семејство се преселиле во Канбера во 2005 година. Таму таа учела во Граматичкото училиште за девојки. Исто така глумела во неколку училишни и театарски продукции.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Австралиски глумици Категорија:Австралиски филмски глумици Категорија:Австралиски телевизиски глумици Категорија:Австралиски манекенки