Фиона Епл Мекафи-Магарт (англ. Fiona Apple McAfee-Maggart; родена на 13 септември 1977) ― американска пејачка и текстописец. Во периодот од 1996 до 2020 година, Епл издала пет албуми и сите тие се пласирале во топ-20 на американската топ-листа Билборд 200. Епл добила многу награди и номинации, меѓу кои: три Греми-награди, две MTV видеомузички награди и една музичка награда Билборд.
Животопис Фиона Епл Мекафи-Магарт на 13 септември 1977 година во Њујорк. Таа е ќерка на пејачката Дајан Мекафи и глумецот Брендон Магарт, кои се запознале додека глумеле во Бродвејскиот мјузикл Аплауз. Нејзината сестра Амбер пее кабаре под уметничкото име Мод Магарт, а глумецот Герет Магарт е нејзиниот полубрат. Нејзините родители се развеле и Епл детството го поминала во Морнингсајд Гарденс во Харлем каде што живеела со нејзината мајка и сестра ѝ, но летата ги поминувала со нејзиниот татко во Лос Анџелес.
Уште како мала почнала да свири пијано, а почнала да компонира свои дела на осумгодишна возраст. Подоцна, почнала да свири стандардни џез-композиции, преку кои ги открила Били Холидеј и Ела Фицџералд, кои многу влијаеле на нејзината музика.
Во детството, Епл се борела со опсесивно-компулсивно нарушување, депресија и анксиозност, а исто така ѝ било дијагностицирано сложено посттрауматско стресно нарушување. Кога имала дванаесет години била силувана во Харлем, а потоа развила нарушување во исхраната, намерно слабеејќи го телото во развој, што го гледала како „мамка“ за потенцијалните предатори. По инцидентот, таа имала напади на паника додека се враќала дома од училиште, што довело до тоа да се пресели во Лос Анџелес на една година кај нејзиниот татко.
Кариера Епл се запознала со музичката индустрија во 1994 година, откако преку нејзина пријателка ѝ подарила демо-лента на музичката критичарка Кетрин Шенкер. Шенкер потоа лентата му ја дала на извршниот директор на Sony Music, Енди Слејтер, кој со Епл потпишал договор за снимање.
1996—2001: Почетоци и објавување на први албуми Во 1996 година бил издаден првиот албумот на Епл, Tidal. Албумот во голема мера бил инспириран од неодамнешното раскинување на Епл со нејзиното прво момче. Албумот бил продаден во 2,7 милиони примероци и во САД бил сертифициран за тројно платинест."Gold and Platinum Searchable Database" . Во 1997 година Епл ја добила наградата „Најдобар нов изведувач“ на MTV Video Music Awards.
Вториот албум на Епл, When the Pawn... , бил објавен во 1999 година. Негов целосен наслов бил песна што Епл ја напишала откако ги прочитала писмата во Spin во врска со статијата од претходниот број на списанието со кој на Епл ѝ се дал лош публицитет. Поради должината на насловот албумот се појавил во Гинисовата книга на рекорди во изданието од 2001 година. Албумот добил позитивни критики од списанијата New York Times и Rolling Stone. Не бил многу комерцијално успешен, но бил продаден во над милион примероци во САД и од Здружението на музички сниматели на Америка бил сертифициран со платина"Gold and Platinum Searchable Database" . RIAA.com. Водечкиот сингл од албумот се пласирал во топ-20 на Billboard Modern Rock Charts и станал прв топ-40 сингл на Епл во Велика Британија. За песните биле објавени и видео спотови. Албумот содржел десет песни, а покрај на американската, се пласирал и на топ листите во Австралија и Велика Британија. Албумот добил златен сертификат во Јапонија.
По завршувањето на концертната турнеја за поддршка на албумот во 2000 година, Епл се преселила во Лос Анџелес, каде што сè уште живее.
2002–2010: Издавање на албумот Extraordinary Machine и соработки мини|Епл настапува во Сиетл, 2006 година За време на нејзината пауза, Епл размислувала да се повлече од музичката кариера. Епл и Џони Кеш ја испеале преработката на песната „Bridge over Troubled Water“ од Simon & Garfunkel, која била вметната на неговиот албум American IV: The Man Comes Around. Песната била номинирана за Греми-награда во категоријата „Најдобра кантри-соработка“. Со Џони Кеш таа соработувала и за преработката на „Father and Son“ од Кет Стивенс.
Третиот студиски албум на Епл, Extraordinary Machine, бил издаден од Epic Records во САД на 4 октомври 2005 година. Албумот бил продуциран од Џон Брион и се очекувало да биде објавен во 2003 година, но издавањето неколку пати било одложувано без објаснување, што довело до појава на шпекулации дека настанал спор околу нејзината комерцијална привлечност. Контроверзноста околу албумот и протечените снимки од сесиите на Џон Брион биле предмет на големо внимание од печатот. Во соработка со продуцентите Мајк Елизондо и Брајан Киху, Епл повторно го снимила албумот во текот на 2004 и 2005 година и конечно бил објавен по повеќе од три години по почетокот на оригиналните сесии за снимање. Во 2006 година албумот бил номиниран за Греми за „Најдобар поп вокален албум“. Во 2009 година, Extraordinary Machine бил прогласен за 49-ти најдобар албум во 2000-тите од страна на Ролинг Стоун, а во 2020 година бил рангиран на 444 место на листата од списанието од „500 најдобри албуми на сите времиња“.
Епл снимила преработка на песната „Sally's Song“ за специјалното издание на саундтракот во 2006 година за филмот од Тим Бартон Ноќта пред Божиќ. Во мај 2006 година, Епл му оддала почит на Елвис Костело во серијата концерти на VH1 Decades Rock Live, изведувајќи го хитот од Костело „I Want You“. Нејзината верзија подоцна била објавена како дигитален сингл.
2011–2018: Издавање на The Idler Wheel..., турнеја и проблеми со законот лево|мини|Епл настапува во Terminal 5, Њујорк, 2012 година The Idler Wheel..., четвртиот студиски албум на Епл, во Соединетите Американски Држави бил издаден на 19 јуни 2012 година. Станал најуспешен албум на Епл на Билборд 200, каде што се искачил на трето место. Албумот добил пофалби од критиката.
Додека го промовирала The Idler Wheel, Епл во интервју во јуни 2012 година открила дека накратко се омажила за неименуван француски фотограф (за кој подоцна се дознало дека е Лајонел Делуј) „од комплицирани причини“ и дека имала кратка врска со помлада жена. На 19 септември 2012 година, Епл била уапсена на внатрешен контролен пункт на американската гранична патрола во Сиера Бланка во Тексас. Била обвинета за поседување хашиш, и била приведена во затворот во округот Хадспет.
Епл придонела со претходно необјавената песна под наслов „Dull Tool“ за саундтракот на филмот од Џад Апатоу од 2012 година This Is 40. Во ноември 2012 година, Епл напишала писмо до нејзините фанови дека го одложува јужноамериканскиот дел од нејзината турнеја поради здравјето на нејзиното куче Џенет. Според писмото, кучето имало Адисонова болест и веќе две години имало „неактивен тумор во градите“.
Во 2018 година, учествувала на женскиот фестивал Girl School Festival во Лос Анџелес каде што заедно со Ширли Менсон испеала преработка на песната „You Don't Own Me“ од Лезли Гор.
2019–сега: Fetch the Bolt Cutters Епл учествувала во документарниот филм и саундтракот за Echo in the Canyon со Џејкоб Дилан со преработки на песни од музичари како: Бич Бојс и The Byrds.
Нејзиниот петти студиски албум, Fetch the Bolt Cutters, се состоел од 13 самостојно продуцирани нумери и дигитално бил објавен на 17 април 2020 година. Албумот добил големи пофалби од музичките критичари. На 63-тото доделување на Греми наградите, албумот ја освоил наградата за „Најдобар алтернативен музички албум“, а водечкиот сингл „Shameika“ освоил награда за „Најдобра рок-изведба“.
На 17 јуни 2020 година, Епл била потврдена како дополнителен музичар кој се појавува на 39-тиот албум од Боб Дилан, Rough and Rowdy Ways; таа свирела пијано на песната „Murder Most Foul“.
Дискографија Tidal (1996) When the Pawn... (1999) Extraordinary Machine (2005) The Idler Wheel... (2012) Fetch the Bolt Cutters (2020)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пејачи од Њујорк Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американски пејачки од 20 век Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Арт-поп-пејачи Категорија:Арт-поп-музичари Категорија:Американски поп-пијанисти Категорија:Американски феминистки Категорија:Американски алтернативни рок-пејачи Категорија:Американски поп-пејачки