Шарлиска Река или Кушлу — река во Валовишко, Егејска Македонија, лева притока на Белица.
Течение Реката извира во местноста Мандри, западно од Црвил (1.641 м) на планината Шарлија, по која е наречена. Тече во западен правец и на неа сместен убавиот водопад Скак. По водопадот реката свртува на северозапад, минува низ селото Црвишта и се влева во Белица во месноста Бахчелик.
На 6 јули 1968 г. реката е преименувана од Кушлу во Скотино Рема, со значење „Темна Река“.
Поврзано Скак
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Синтика Категорија:Шарлија Категорија:Струмски слив