мини| Клупата на Камден Клупата на Камден — еден вид бетонски уличен мебел. Била нарачан од Советот на општина Камден Лондон и инсталирана во Камден, Лондон, во 2012 година.
Таа е дизајнирана специјално да влијае на однесувањето на јавноста со ограничување на одредени употреби и однесувања и наместо тоа да може да се користи само како клупа, принцип познат како непријателска архитектура. Клупата е наречена „врвот на непријателската архитектура“.
Произведена од британската компанија Фактори Фрничр (анг: Factory Furniture), клупата е дизајнирана да ги одвраќа луѓето да ја употребуваат за спиење, фрлање отпадоци, скејтбординг, трговија со дрога, графити и кражби. Обидот ова да се постигне е преку првенствено аголни површини (одвраќање на прагови и скејтбордери), отсуство на пукнатини или места за криење и непропустливи материјали (преку водоотпорна облога против боја). Не е прицврстена за земја и може да се помести со кран што се прикачува на вградените точки за прицврстување. Поради својата тежина, таа е дизајнирана и да функционира како препрека.
Наводи
Категорија:Бетон Категорија:Бездомништво Категорија:Камден Категорија:Уличен мебел