Sekiro: Shadows Die TwiceОд јап. и англ. „Еднорак Волк: Сенките умираат двапати“. Под истиот англиски наслов Sekiro: Shadows Die Twice, играта била објавена и во Јапонија. Главниот лик на играта го носи прекарот „Волк“ (јап. 狼, англ. wolf); Друг прекар е „Секиро“ (隻狼, букв. „еднорак волк“), кој му го дал еден од неиграчките ликови. — акционо-авантуристичка видеоигра развиена од јапонската компанија FromSoftware и објавена од Activision (самиот FromSoftware бил издавач во Јапонија) за платформите Microsoft Windows, PlayStation 4 и Xbox One. Играта била објавена на 22 март 2019 г. Sekiro: Shadows Die Twice е акциона игра со поглед од трето лице; се одвива во Феудална Јапонија за време на периодот сенгоку. Играчот го управува Волкот, воин со коскена рака, вооружен со меч и јаже со кука; тој е на патот на одмаздата. Играта е слична на Bloodborne, една од претходните игри на FromSoftware, а исто така има мрачен свет, грозни непријатели и борба што бара од играчот да напаѓа наместо да се брани.
Тизерот за играта е без наслов, но со слоганот Shadows Die Twice, била претставена на The Game Awards во 2017 г. На E3 2018, како дел од прес-конференцијата на Microsoft, играта била најавена под целосниот наслов — Sekiro: Shadows Die Twice, а било најавено дека американската компанија Activision ќе биде нејзин издавач. Развојот на играта го води Хидетака Мијазаки, шеф на FromSoftware и творец на серијата Souls. Играта има добиено голем број награди, вклучувајќи ја и титулата „Игра на годината“ на The Game Awards 2019.
Играчки процес Sekiro: Shadows Die Twice е акционо-авантуристичка игра што се игра од трето лице. Во споредба со серијата Dark Souls на FromSoftware, играта има помалку елементи за играње со улоги, нема создавање на ликови и можност за подобрување на различни статистики и нема повеќеиграчки режим. Арно ама, вклучува надградба на опрема, особени способности со протетичка рака, дрво за вештини и прилагодување со ограничени способности. Наместо да напаѓате за да ги намалите здравствените точки на непријателот, борбата во Sekiro се врти околу употребата на катана за напад на нивната поза и рамнотежа, како и одвраќање на дојдовните непријателски напади, што на крајот води до отворање што овозможува еден убиствен удар.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Видеоигри