Доминик Ричард Харисон (англ. Dominic Richard Harrison; роден на 5 август 1997), професионално познат како Јангблад (англ. Yungblud) ― англиски пејач, текстописец и глумец.

Живот и кариера Харисон е роден на 5 август 1997 година, во Донкастер, Јужен Јоркшир. На Харисон на рана возраст му било дијагностицирано АДХД.

Пред да започне со музичката кариера, Харисон бил глумец и глумел во ТВ-сериите Emmerdale и The Lodge. На 19 јануари 2018 година го објавил неговото прво ЕР, Yungblud, кое содржело три негови претходно објавени синглови.мини| Јангблад настапува во Rock in the Park во 2018 година На 6 јули, Харисон го издал неговиот прв албум, 21st Century Liability. Во јули 2018 година заминал за Соединетите Американски Држави каде одржал неколку концерти. На 10 август тој објавил ЕР со седум акустични верзии на песни од 21st Century Liability под наслов Yungblud (Unplugged). Од 20 септември 2018 до 20 април 2019 година бил на турнеја за поддршка на неговиот прв албум.

На 17 јануари 2019 година го издал синглот „Loner“. На 14 февруари 2019 година го објавил синглот „11 Minutes“ во соработка со Холзи и Тревис Баркер. Јангблад го издал неговиот прв албум во живо, Yungblud (Live in Atlanta), на 22 март 2019 година. По неколку одложувања, на 18 октомври 2019 година го објавил ЕР-то Тhe Underrated Youth. Синглот „Original Me“ во соработка со Ден Рејнолдс од Imagine Dragons бил издаден во октомври 2019 година.

Во 2020 година бил номиниран за четири NME награди: „Најдобар британски соло-изведувач“, „Најдобро музичко видео“ за „Original Me“, „Најдобар соло-изведувач во светот“ и „Најдобра соработка“ исто така за „Original Me“. Ја добил наградата за „Најдобро музичко видео“. На 4 март 2020 година, Харисон објавил дека ја откажува турнејата во Азија поради COVID-19.

На 22 април 2020 година, тој го издал синглот „Weird!". На 16 јули бил објавен синглот „Strawberry Lipstick“. Неговиот втор судиски албум, Weird!, бил издаден на 4 декември 2020 година. Албумот дебитирал на прво место на Британската топ-листа за албуми.

Неговиот трет студиски албум, Yungblud, бил издаден на 2 септември 2022 година. Водечкиот сингл од албумот, „The Funeral“, бил објавен на 11 март 2022 година, а по него следел и вториот сингл од албумот, „Memories“ во соработка со американската пејачка Вилоу Смит, издаден на 6 мај 2022 година. Албумот дебитирал на прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија, со што станал негов втор албум на прво место на топ-листата.

На 29 март 2024 година, Јангблад ја објавил „Abyss“, песна што се користи како почетна тематска композиција за аниме-серијата Kaiju No. 8.

Дискографија Студиски албуми

21st Century Liability (2018) Weird! (2020) Yungblud (2022)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Англиски рок-пејачи Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Поп-панк пејачи Категорија:Луѓе со АДХД Категорија:Британски ЛГБТ-пејачи Категорија:Англиски хип-хоп музичари Категорија:Британски алтернативни рок-музичари