Technotronic (транскрипција: Технотроник) ― поранешна белгиска електронска музичка група која Џо Богерт ја основал во 1987 година. Најпозната песна од групата е „Pump Up the Jam“ (1989), на која пее конгоанската раперка и член на групата, Ya Kid K. Песната се искачила на второ место на амриканската топ-листа за синглови, Billboard Hot 100. Подоцна истата година, групата го издала албумот Pump Up the Jam: The Album, кој се искачил на 10-то место на Билборд 200. Други поуспешни синглови од групата биле: „Get Up! (Before the Night Is Over)" (1990) и „Move This“ (1992). Технотроник ги објавиле албумите Body to Body (1991) и Recall (1995).
Наводи
Надворешни врски
Технотроник официјален Мајспејс Технотроник во Discogs
Категорија:Белгиски музички групи Категорија:Алст Категорија:Музички групи основани во 1987 година Категорија:Музички групи распаднати во 2002 Категорија:Хип-хаус групи Категорија:Техно музички групи Категорија:Хаус музички групи