Замената на силните ерови, и тоа > , > (сон, темно), настаната во 10 век и застапена во старо словенските текстови од македонско потекло, е една карактеристична црта на македонските говори, која рано почнала да се развива и да ги изделува како целост во однос на говорите на соседните јужнословенски јазици.

Во српскохрватскиот, како што е познато, овие два гласа се слеале во еден (сан, тамно), а така се случило во коренот и во бугарскиот (сън, тъмно), со таа разлика што пред ь се чувал мекиот изговор на консонантот што натаму можело да доведе до едно помладо по време преминување на тој глас во е (сп. буг. ден).

Рана состојба на еровите По доселувањето на Словените, еровите ъ и ь се изговарале во сите положби во зборот. Тие биле редуцирани, односно пократки и послабо изразени вокали. ъ во изговорот имал нијанса блиска до у, додека ь имал нијанса блиска до и.

За ваквиот изговор сведочат некои од најстарите словенски имиња на места зачувани во грчки извори. Така, словенските форми *Boltъko, *Gradьcь, *Bъzova и *Slivьnica се одразиле во грчките топоними Βάλτουκα, Γαρδίκι, Μπούζοβα и Σκλιβινίτσα. Сличен пример претставува и албанското име Dibra за Дебар, кое се поврзува со словенската форма *Dьbrь. Тоа покажува дека ь во словенскиот изговор можел да звучи доволно блиску до и, за така да биде пренесен во друг јазик.

Во оваа најрана состојба, значи, еровите сè уште се изговарале како вокали и не биле изгубени. Таквата состојба се претпоставува и за кирилометодиевскиот јазик, односно за јазикот на првобитниот словенски превод на Светото писмо. Меѓутоа, веќе при крајот на 10 век, откога потекнуваат најстарите зачувани словенски текстови, започнал процесот во кој во некои положби тие се губеле, а во други се развиле во полновредни самогласки.

Наводи

Литература

Категорија:Фонологија на македонскиот јазик