Жените на плоштадот Квин — група на жени од работничката класа кои живееле на плоштадот Квин, Бетнал Грин, Лондон, кои во август 1938 година организирале штрајк за кирии како реакција на обидот за иселување на една станарка „сопственикот тврдел дека таа должи заостанати кирии“. По истрагата станало јасно дека не само што ѝ се наплаќало прекумерно, туку и дека ова пренаплаќање било случај за 70 од 90 контролирани кирии.
Жените излегле солидарно, одбивајќи да си ја платат киријата. И покрај тоа што штрајкот бил означен како „непромислен“ од Хакни Газет, по две недели, тие биле успешни. Локалниот комунистички водач, Боб Грејвс, ги прогласил жителите на плоштадот Квин како родители на движењето на работничката класа: „Уште еднаш луѓето од Источниот крај на Лондон го покажаа патот“. На штрајкот се спротивставил Британскиот сојуз на фашисти на Освалд Мозли.
Успехот на штрајкувачите поттикнал понатамошни такви штрајкови, на други места во Лондон и во други британски градови. Rosenberg, David. Battle For The East End. Nottingham: Five Leaves, 2011. Print. Pp160-161
Наводи
Категорија:Право на домување