МекБегалци — неологизам кој се однесува на оние кои преноќуваат во 24-часовен ресторан за брза храна Мекдоналдс.
Терминот првпат бил создаден на јапонски: . Тој термин во голема мера бил заменет со , буквално „нетокафе бегалец“. Во Јапонија, повеќето ресторани на Мекдоналдс работеле деноноќно. Поради невработеноста, високите кирии и транспортните трошоци во Јапонија, МекБегалци избираат да преноќат во Мекдоналдс.
Феноменот и зборот се прошириле во Хонгконг како (), каде што некои МекБегалци играат видео игри и се познати како МекГејмери. Мекдоналдс отворил 24-часовни филијали во континентална Кина во септември 2006 година, што брзо ги привлекло Мекбегалците.
На почетокот на октомври 2015 година, смртта на една жена во 24-часовен ресторан Мекдоналдс во Хонгконг во заливот Коулун го привлекло вниманието на феноменот МекБегалци. МекБегалци може да се најдат и во други 24-часовни филијали. Меѓу повеќе од 1.600 бездомници во Хонгконг во 2015 година, околу 250 биле МекБегалци.
Во 2018 година, студија спроведена од страна на Друштвото за организација на заедницата покажало дека има 384 МекБегалци во Хонгконг. Во август истата година, во Хонгконг започнал да се снима филм на оваа тема, со наслов I'm Livin' It, (мак: Го живеам) имитирајќи го слоганот на ресторанот, "I'm loving it" (мак: Го сакам).
Наводи
Категорија:Бездомништво Категорија:Економија на Кина Категорија:Економија на Хонгконг Категорија:Економија на Јапонија Категорија:Јапонско општество Категорија:Статии со текст на јапонски