Милојко „Миле“ Китиќ (; р. 1 јануари 1952 г.) — босанско-српски народен пејач роден во Босна. Се прославил како член на популарниот фолк-колектив од осумдесеттите „Јужни ветар“, со колегите народни пејачи Синан Сакиќ, Драгана Мирковиќ, Кемал Маловчиќ и Шемса Суљаковиќ. Еден од неговите први хитови е песната Mala, Mala iz Novog Pazara.

Животопис Китиќ е роден на 1 јануари 1952 г. во селото Церани, блиску до Дервента, на територијата на Народна Република Босна и Херцеговина, дел од ФНРЈ. Гимназиското образование го завршил во Вогошќа и е следбеник на православната вера. Во 1975 г., тој го направил своето деби со Čija si ljubav, проследено со издавање на неговиот прв албум во 1982 година. Приклучувајќи се на Јужни ветар во 1984 година, тој брзо се прославил со хит-албумот и синглот Čaša ljubavi. Соработувал со познати југословенски народни изведувачи како Синан Сакиќ, Драгана Мирковиќ, Кемал Маловчиќ и Шемса Суљаковиќ за време на неговото време со групата. Среде превирањата од Босанската војна во 1990-тите, тој побарал засолниште со своето семејство во Белград.

Китиќ има две ќерки од различни бракови и две внуки од најстарата ќерка. Своето време го дели меѓу Белград и Хановер со својата втора сопруга Марта Савиќ, која исто така е истакната пејачка. Неговата помлада ќерка Елена Китиќ се прославила како R&B-изведувачка.

Дискографија Моја слатка мала (1982) Јорговани плави (1983) Чаша љубави (1984) Ја нећу љепшу (1985) Коцкар (1986) Могао сам бити цар (1987) Што да не (1988) Осветник (1989) Стави карте на сто (1990) Гледај ме у очи (1991) Ћао, Јелена (1992) Вук самотњак (1993) Мој соколе (1994) Окрени јастук (1995) Ратник за љубав (1996) Остај овде (1997) До среће далеко, до Бога високо (1998) Три живота (1999) Злато, сребро, дукати (2000) Плава циганко (2001) Буди моја (2001) Полицијо, опрости ми (2003) Земљотрес (2004) Шампањаћ' (2005)Шанкер (2008)Паклене године (2012)Ракија (2013)Нокаут (2014)Мађионичар (2017)Казанова'' (2019)

Наводи

Надворешни врски

Архива на матичната страница__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Родени во 1952 година Категорија:Луѓе од Церани Категорија:Српски фолк пејачи Категорија:Босански пејачи Категорија:Југословенски пејачи Категорија:Луѓе од Република Српска