FX Life — меѓународна пледплатна телевизиска мрежа, во сопственост на Disney Entertainment, гранка на Компанијата Волт Дизни, како замена за Фокс Лајф. Мрежата со текот на времето е прекината на неколку пазари, а моментално е активна во Грција, Балтикот и ЗНД.

Била лансирана во Грција на 15 март 2023 година како замена за Фокс Лајф со цел да се избегне забуна со Фокс корпорација и да се избегне постоењето на трговската марка Стар во Грција како друг неповрзан канал, Стар Канал е сопственик на трговската марка, и ЗНД и Балтичките региони на 24 јануари 2024 година.

Тековни канали

Балтикот и ЗНД

FX Life (претходно Фокс Лајф) е телевизиски канал на руски јазик кој започнал на 15 април 2008 година. Каналот бил затворен на 1 октомври 2022 година за Русија и Белорусија, и бил заменет со Сапфир во Русија, но сè уште е активен во Заедница на независни држави и балтичките региони. Кабелските оператори во Естонија имаат локализирана верзија на каналот со рекламирање. Каналот е ребрендиран како FX Life на 24 јануари 2024 година.

Грција

FX Life (порано како Фокс Лајф) е грчки канал објавен на 1 декември 2008 година. На 15 март 2023 година, Фокс Лајф бил заменет со FX Life, заедно со Fox кој станал FX.

Поврзано

Star Life (меѓународен) FX Life (грчки ТВ канал) FX

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Телевизиски канали Категорија:Телевизиски мрежи