ГЕРБ–СДС — двопартиска политичка коалиција од Бугарија меѓу ГЕРБ и Унијата на демократски сили, предводена од Бојко Борисов.
Историја Коалицијата помеѓу двете партии била формирана пред изборите за пратеници од Бугарија во Европскиот парламент во 2019 година. На 28 март 2019 година официјално бил потпишан договор меѓу двете страни. На изборите, коалицијата го освои првото место и од 17 пратеници тие добиле 6 места: пет отидоа на ГЕРБ, еден на СДС.
Меѓупартиската соработка продолжила и пред парламентарните избори во април 2021 година . Коалицијата имала потпишано и договори за политичко партнерство со Ѓурѓовденското движење, Обединети аграри, Движењето за единство на народот и исто така Сојузот на репресирани од комунизмот „Памет“ Коалициските листа биле регистрирани во изборните единици во земјата на 1 март 2021 година. На изборите коалицијата освоила 75 места од вкупно 240. Најмногу места освоени од една група.
Ѓурѓовденското движење влегле во коалиција пред неуспешните предвремените парламентарни избори во јули 2021 година. Слоганот на коалицијата била „Ред сред хаосот“. Како резултат на изборите, коалицијата добила 63 места во парламентот, губејќи од партијата Има таков народ, која добила 65 места.
Коалицијата исто така учествувала и на истовремените претседателски и парламентарни избори во 2021 година. Кандидатот на коалицијата бил политичарот Анастас Герџиков заврши на второто место во вториот круг од претседателските избори.
ГЕРБ–СДС станала најголемата партиска коалиција на парламентарните избори во 2022 година, а нејзиниот член Вежди Рашидов станал претседател на народното собрание.
Коалицијата, исто така, во парламентарните избори во 2023 година завршиле како најголемата партија. Членот на групата, Росен Жељазков, станал претседател на народното собрание по договор со втората по големина група ПП-ДБ.
Парламентарни водачи бр. Име Портрет национално собрание 1 Десислава Атанасова (1978-)80x80пкс 45-ти 46-ти 47-ми 48-ми 49-ти 2 Бојко Борисов (1959-)83x83пкс 49-ти
Наводи
Категорија:Конзервативни партии во Бугарија Категорија:Политички партии во Бугарија