Воскресение Христово () — соборна црква во градот Горица, Албанија. Претставува катедрала на Горичката епархија на Албанската православна црква.

Историја На местото на катедралата се наоѓала старата црква „Св. Ѓорѓи“, која била урната во 1968 г. во времето на комунистичкиот режим.

Новиот камен-темелник бил поставен на 2 август 1994 г. од страна на тогашниот архиепископ Анастасиј, а била завршена во 2002 г. Катедралата ја проектирал архитектот Димитриос Христидис од Солун. Храмот е осветен на 7 август 2004 г.

Архитектура Градбата претставува крстокуполна базилика со четири апсиди и опкружен трем во неовизантиски стил. Црквата има две камбанарии со по пет ѕвона, високи 22,5 метри. Куполата е висока 20 метри. Ѕидаријата е од декоративен камен и тула. Во подрумот има помал храм и крстилница. Во внатрешноста има голем резбан иконостас.

Наводи

Категорија:Цркви во Горица Категорија:Цркви во Горичката митрополија Категорија:Катедрали во Албанија