Жервохор (, Зервохори) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 75 жители (2021).
Географија и местоположба Селото е сместено во Серското Поле, југоисточно од Нигрита и околу 2 км југоисточно од Хункос, на надморска височина од 170 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Жервохор било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Жервохор (Gervohor) имало 30 домаќинства и 100 жители Грци.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал: Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Жервохор имало 120 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зервохор (Zervohor) имало 160 жители Грци и во селото работело грчко училиште.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 146 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 284 лица. Во 1923 г. во Жервохор се доведени 2 бегалски семејства (вкупно 9 бегалци).
Стопанство Населението одгледува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Население
Самоуправа и политика Во 1924 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 7,7 квадратни километри. Општината Жервохор била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жервохор, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Антониј“ — парохиски храм, изграден во 1983 г.
Наводи
Категорија:Визалтија