Каравостаси () — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гида на округот Иматија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во областа Урумлак, на 2 км јужно од Плати, крај старото коритто на реката Колудеј.

Историја Каравостаси е релативно ново село. За првпат се спомнува како село во 1918 г. при создавањето на општината Корифи. Во 1920 г. во него се попишани 15 жители.

Името на селото, кое во превод значи станица за чамци, укажува на тоа дека реката била пловна и дека ова било пристаништето на Плати.

Наводи

Категорија:Историски села во Гида