Перо Ампов ( во — во ) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Потекнувал од земјоделско семејство, а по завршување на основното училиште работел како земјоделец на својата земја. Бил голем симпатизер на народноослободителното движење, од самиот негов почеток . Во 1944 година побегнал од бугарската армија и им се приклучил на партизаните. Во редовите на Деветтата македонска бригада се истакнал како храбар борец и учествувал во многу борбени акции на својата единица. Бил особено горд кога на 7 септември 1944 година со својата бригада влегол во Ваташа, а потоа и во Кавадарци. Загинал во борбите со германскиот окупатор кај железничката станица Јаворица, во близината на Демир Капија на 16 септември 1944 година.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ