Перо Видев ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.

Животопис Бил речиси дете со само 15 години, кога под влијание на своите другари со голема жар и ентузијазам се вклучил во редовите на напредното движење во своето село. Перо Видев членувал во скоевската група која ја раководел Пане Џунов, а во која членувале уште Пане Мешков, Ристо Ѓондев, Ванчо Гурев, Ката Видева, Станка Коцева и Трајанка Андова. Иако бил најмлад по возраст без приговор ги извршувал сите поставени задачи од страна на скоевската организација.

Масакрот на ваташките деца мини|259x259пкс|Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските фашистички сили.

На 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) во раните утрински часови Перо Видев бил уапсен од страна на Бугарската полиција, која по ѕверското иследување во селската кафана на Васил Хаџи Јорданов, го застрелала него и неговите другари во месноста "Моклиште".

Поврзано

Масакрот во Ваташа Бугарска офанзива во Тиквешијата Ката Видева

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија