Свети Петар и Павле () — доцносредновековна црква во селото Либаново, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Китроско-катеринско-платамонската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот датира од XIV век.
Фрагментите од фреските се од 1485 г., дело на водечкото ателје на Костурската школа од тој период, меѓу чии дела се вбројуваат живописите во „Св. Никола Еврпаксиин“ во Костур (1485/86), во манастирската црква „Св. Преображение“ во Метеора (1483), дел од фреските во „Успение на Пресв. Богородица“ на манастирот Трескавец (1483/84) и во „Св. Никита“ во Горњанскиот манастир (1483/84), како и оние од урнатата црква „Св. Спиридон“ во Костур (крај на XV век).
Во 1967 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.
Поврзано Китроско-катеринско-платамонска епархија
Наводи
Надворешни врски
Петар и Павле, Либаново Петар и Павле, Либаново Категорија:Споменици на културата во Пидна-Колиндар