Жан Карничник (роден на година, во Словењ Градец) — словенечки фудбалер, играч од одбраната на Цеље и на словенечката репрезентација.Жан Карничник на eu-football
Клупска кариера Карничник израснал во младинските категории селекције на словенечкиот клуб Дравоград, пред во 2013 година да премине во штајерскиот лигаш „Радље об Драви” каде ја започнал сениорската кариера. Пред почетокот на сезоната 2015–2016, потпишал договор со еден од најголмите словенечки клубови, Марибор, но сепак таму бил дел само од нивната резервна екипа, Марибор Б, играјќи во третата лига на земјата. После две сезони во кој бил редовен стартер за Марибор Б, својот прв и единствен настап за првиот тим на Марибор го забележал во мај 2017, започнувајќи во натпреварот против Алуминиј кој завршил со пораз на Марибор од 3-1.
На 26 јули 2017 година, Карничник му се придружил на второлигашот Мура. По завршувањето на неговата прве сезона со Мура, клубот го освоил првенството и така изборил промоција во Првата фудбалска лига на Словенија. Во сезоната 2020–2021, Карничник забележил 34 настапи и ја освоил титулата со Мура, прва шампионска титула во историјата на клубот.
Во јануари 2022, потпишал за бугарскиот шампион Лудогорец Разград. Со Лудогорецем ја освоил титулата во бугарското првенство во сезоната 2021–2022, играјќи 11 првенствени натпревари во вториот дел од сезоната. Во летото 2022, Карничник требало да го напушти Лудогорец поради малата минутажа и бил близу да потпише за норвешкиот Лилестром, но трансферот пропаднал затоа што документацијата била испратена предоцна откако преодниот рок во Норвешка веќе бил затворен. После само пет одиграни натпревари во првиот дел од сезоната 2022–2023, тој се вратил во Словенија приклучувајќи му се на Цеље на едногодишна позајмица, со опција за откуп.
Репрезентативна кариера Карничник дебитирал за репрезентацијата на Словенија на 8 октомври 2021, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против Малта.Малта против Словеније на eu-football
Титули Клупски Марибор Словенечко првенство: 1 2016-2017
Мура Словенечко првенство: 1 2020-2021 Втора лига на Словенија: 1 2017-2018 Куп на Словенија: 1 2019-2020
Лудогорец Разград Бугарско првенство: 1 2021-2022 Суперкуп на Бугарија: 1 2022
Цеље Словенечко првенство: 1 2023-2024
Наводи
Надворешни врски
Жан Карничник на soccerway Жан Карничник на transfermarkt Жан Карничник на ESPN Жан Карничник на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Марибор Категорија:Фудбалери на ПФК Лудогорец (Разград) Категорија:Словенечки фудбалери