Доналд Сатерленд (; Сент Џон, — , ) — канадски глумец. Сатерленд станал познат со толкувањето на улогите на нетипични војници во филмовите како што се „Дванаесетмината жигосани“, „МЕШ“, „Келиевите јунаци“. Доналд Сатерленд е татко и на Кифер Сатерленд, исто така глумец.

Детство и младост Доналд Сатерленд е роден во Сент Џон, Канада во семејството на Фредерик Мекли Сатерленд и Дороти Изабел. Сатерленд има делумно шкотско, германско и англиско потекло. Детството го поминал во Нова Шкотска. На 14-годишна возраст се вработил во месна радиостаница каде што работел како дописник. Подоцна се запишал на колеџот Викторија на Универзитетот во Торонто каде што дипломирал како инженер по техника и глумец. Подоцна, Сатерленд се одлучил само за глума и се запишал на Лондонската академија за драма и музика во 1957 година.

Почеток на кариерата По завршувањето на академијата во Лондон, Доналд започнал да глуми во британски филмови на ужасите. Откако се појавил во серијата „Пат за бегство (Escape Route)“, продуцентите на кои им се допаднала неговата изведба во серијата, му понудиле улога во филмот што ќе го прослави „Дванаесетмината жигосани“. По снимањето на „Дванаесетмината жигосани“, Сатерленд се преселил од Лондон во Холивуд.

Филмографија Година Филм Филм (англ.) Улога Напомена 1967 Дванаесетмината жигосани The Dirty Dozen Вернон Л. Пинкли 1970 Меш M*A*S*H капетан Бенџамин Френклин „Хокај“ Пирс 1970 Келиевите јунаци Kelly's Heroes Одбол 1971 Клут Klute Џон Клут 1973 Не врти се Don't Look Now Џон Бакстер 1976 Дваесеттиот век Novecento Атила Меланчини 1978 Инвазија на трети битија Invasion of the Body Snatchers Метју Бенел 1980 Обични луѓе Ordinary People Калвин Џерет 1989 Бела сува сезона A Dry White Season Бен ди Туа 1989 Зад решетки Lock Up управникот Ворден Драгул 1991 Повратен удар Backdraft Роналд Бартел 1992 Бафи убиецот на вампири Buffy the Vampire Slayer Мерик 1993 Шест степени на раздвојување Six Degrees of Separation 1994 Разоткривање Disclosure Боб Гарвин 1995 Епидемија Outbreak генерал-мајор Доналд Меклинток 1996 Време за убивање A Time to Kill Лисјен Вилбенкс 1998 Паднати Fallen поручникот Стентон 1999 Вирус Virus капетанот Роберт Евертон 2000 Вселенски каубојци Space Cowboys капетанот во пензија Џери О’Нил 2003 Италијанска работа The Italian Job Џон Бриџер 2003 Сјајот на гнилите пари (ТВ серија, 23 епизоди) 2005 Гордост и предрасуда Pride & Prejudice господинот Бенет 2011 Орел The Eagle Акила 2011 Ужасни шефови Horrible Bosses сопствениот на претпријатието 2012 Игрите на гладните The Hunger Games претседателот Кориолан Сноу 2013 Игрите на гладните: Лов на огнот The Hunger Games: Catching Fire претседателот Кориолан Сноу 2014 Игрите на гладните: Сјајот на слободата − Прв дел The Hunger Games: Mockingjay – Part 1 претседателот Кориолан Сноу 2015 Игрите на гладните: Сјајот на слободата − Втор дел The Hunger Games: Mockingjay – Part 2 претседателот Кориолан Сноу 2018 Доверба Trust Џ. Пол Гети (ТВ-серија, 10 епизоди) 2019 Кон ѕвездите Ad Astra полковникот Томас Пруит 2022 Пад на Месечината Moonfall Холденфилд

Поврзано Кифер Сатерленд

Надворешни врски

Категорија:Канадски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус