Марсел Забицер (роден на во Велс) — австриски фудбалер, играч од средниот ред на Борусија Дортмунд и на австриската репрезентација.

Биографија Марсел е син на поранешниот австриски фудбалски репрезентативец Херфрид Забицер, а негов братучед е Томас Забицер, кој исто така е фудбалер.

Тој е во врска со Катја Куне, победничка на ТВ шоуто „Der Bachelor“ во 2014 година, со која има една ќерка родена во 2019 година. Двојката стапила во брак во јануари 2020 година.

Технички карактеристики Забицер е сеопфатен играч од средниот ред чија универзалност и тактичка флексибилност му овозможуваат да игра во многу различни улоги, како офанзивен играч за врска, централен играч за врска, десно крило, како лажна деветка и втор напаѓач. Неговите квалитети се давањето асистенции за неговите соиграчи и освојувањето на топката од противниците, покрај тоа има добар дриблинг и е опасен и од слободни удари и удари од далечина, а може да делува и како балансер за својот тим со подефанзивни функции.

Опремен со добра визија за играта, динамика и поединечна техника, има одлична контрола на топката и е добар во додавања меѓу противничките линии. Добар во прогресијата, и покрај неговиот не висок раст (177 см), тој е вешт во играта во воздухот бидејќи има висок отскок и добар тајминг за скок. Тој, исто така, знае како да се наметне во дуелите при враќање на топката во посед на неговиот тим, како и секогаш да излегува на теренот со натпреварувачки бес. Тој се издвојува и по својата професионалност и карактер кои му овозможуваат да биде лидер.

Клупска кариера Почетоци и младинска кариера Забицер ја започнал својата кариера во 2000 година во младинските редови на Адмира Вилах, каде неговиот татко работел.Marcel Sabitzer: Frau, Kind und purer Ehrgeiz – so tickt der Neuzugang des FC Bayern privat, abendzeitung-muenchen.de, abgerufen am 3. September 2021. Кога неговиот татко се преселил во Матерсбург во Бургенланд следната сезона, Марсел дошол во младинските редови на тогашниот прволигаш ГАК, каде што се развил во еден од најголемите офанзивни таленти на клубот. Од 2005 до 2008 година, Забицер постигнал 49 гола на 63 младински натпревари и ја прослави вицешампионската титула во Штаерската лига со тимот до 15 години. Во 2007 година, тој ја обезбедил и титулата во австриската студентска лига како врвен играч во спортското средно училиште Вејц. Во финалето против БРГ Полгарштрасе ги постигнал првите два гола во победата со 3-0. oefb.at, abgerufen am 26. September 2010.SHS Weiz ist neuer Schülerliga-Meister news.at, abgerufen am 26. September 2010.

Во јуни 2008 година, Забицер се преселил во младинскиот тим на новооснованиот клуб Винер Нојштат, но веднаш бил префрлен во FSA/AKA U15, кој тогаш сè уште оперирал во соработка со Австрија Виена. scmagna.at, abgerufen am 26. September 2010. Со FSA потоа станал шампион во ТОТО лигата и бил крунисан за најдобар стрелец на неговиот клуб и трет на листата на најдобри стрелци со 16 гола во 22 натпревари.

За сезоната 2009-2010, офанзивниот играч се преселил во академијата на Адмира Вакер, каде истовремено играл во младинските тимови Б и А. По вкупно 13 гола во 14 настапи за двата млади тима, вклучително и 5 гола во 5 натпревари како петнаесетгодишник за У19 тимот, тој за прв пат бил повикан во вториот тим на Адмира.

Адмира Вакер Малку по неговиот шеснаесетти роденден, на 26 март 2010 година, тој го направил своето деби за Адмира Вакер II под водството на тренерот Дитмар Кухбауер во победата со 0-2 на гостувањето против Швехат во Регионалната лига Исток. Последователно, тој забележал уште пет настапи без да постигне гол до крајот на сезоната.

Во сезоната 2010-2011, тој бил промовиран како постојан член на вториот тим на Адмира, кој повторно се натпреварувал во регионалната лига, и ја започнал сезоната како постојан стартер. Сепак, не долго потоа, на 14 септември 2010 година, тој го направил своето деби за првиот тим на Адмира што било воедно и негово деби во професионалниот фудбал, играјќи во натпрвевар од втората австриска лига. Шансата да дебитира за Адмира повторно му ја укажал Кухбауер, кој во меѓувреме бил назначен за тренер на првиот тим. Веќе во неговиот втор настап на 24 септември 2010 година, тој го постигнал својот прв гол во победата на гости против Лустенау 07, при што го поставил конечниот резултат 0-3.Admira schon 18 Partien ungeschlagen! trenkwalder-admira.com, abgerufen am 26. September 2010.Kühbauer schon 18 Partien ungeschlagen sport.orf.at, abgerufen am 26. September 2010. Неговата дебитантска сезона во професионалниот фудбал ја завршил со 8 настапи и 2 гола, помагајќи и на Адмира да го освои првенството и да избори промоција во Бундеслигата, елитната дивизија на австрискиот фудбал.

Својот прв гол во Австриската Бундеслига, Забицер го постигнал на 7 март 2012, во победата на домашен терен над Капфенберг со 3-1. На 19 јули 2012, дебитирал во европските натпреварувања, играјќи во натпреварот против литванскиот Жалгирис во квалификациите за Лига Европа. За Адмира играл до јануари 2013 година, кога го напуштил клубот после вкупно 52 настапи и 11 гола за првиот тим.

Рапид Виена mini|thumb|Забицер со Рапид Виена во 2013. На почетокот на јануари 2013 година, Забицер потпишал за славниот австриски клуб Рапид Виена.skrapid.com: Marcel Sabitzer ist Rapidler, 4. Jänner 2013, abgerufen am 4. Jänner 2013. Дебитирал за клубот на 17 февруари во поразот со 1-2 на домашен терен од градскиот ривал Австрија Виена, заменувајќи го Михаел Шимпелсбергер во 64-тата минута. Веќе во својот втор натпревар за Рапид, Забицер го постигнал првиот гол за клубот за да израмни на 3-3 во првата минута од судиското продолжение на гостувањето кај Ред Бул Салцбург, и покрај тоа што и во овој натпревар влегол во игра како замена во второто полувреме. Сезоната ја завршил со 16 настапи во првенството и еден во Купот на Австрија, постигнувајќи притоа три погодоци, сите во првенството.

Следната сезона 2013-2014, била многу важна за развитокот на кариерата на Забицер: тој не само што го задржал своето место во стартната постава кое го изборил кон крајот на претходната сезона, туку успеал да се наметне како еден од најважните играчи на Рапид - кој одиграл одлична сезона завршувајќи на второто место зад шампионот Ред Бул Салцбург - и бил едно од откритијата на сезоната во австриското првенство кое го завршил со 29 настапи и 7 гола. Покрај тоа, во текот на сезоната тој со клубот играл и европски натпревари во Лигата на Европа, каде исто така го постигнал својот прв гол на 24 октомври 2013, во ремито 1-1 на гостувањето кај Генк во групната фаза. Со одличната сезона на личен план тој го привлекол вниманието на голем број клубови од странство.

Салцбург mini|left|thumb|Забицер во дресот на Ред Бул Салцбург во натпревар против неговиот поранешен тим Адмира. Пред почетокот на сезоната 2014-2015, Забицер потпишал за германскиот второлигаш РБ Лајпциг. Откако потпишал договор до 30 јуни 2018 година, тој се вратил во Австрија бидејќи бил позајмен на една сезона на Ред Бул Салцбург, клуб кој исто така е управуван од страна на компанијата Ред Бул.

На првиот првенствен натпревар за Салцбург тој забележал асистенција за еден од головите, а веќе во вториот за првпат погодил за „црвените бикови“. По овој погодок тој додал уште 18 голови и 15 асистенции во Бундеслигата, додека вкупно, во сите натпреварувања, имал 27 гола и 21 асистенција. Со тоа, тогаш 20-годишниот Забицер, кој најчесто бил користен како офанзивен играч од средниот ред или центарфор, сезоната ја завршил како втор најефикасен играч на тимот зад шпанецот Џонатан Сориано (кој имал 46 гола).Leistungsdaten RB Salzburg Saison 2014/15, transfermarkt.de, abgerufen am 30. Juli 2023. Заедно, двајцата играчи на крајот од сезоната го одвеле својот тим до титулата во австриското првенство и во националниот куп. Во второто, Забицер, Сориано и нивниот соиграч Алан биле прогласени за најдобри стрелци во натпреварувањето со по седум гола.

РБ Лајпциг После одличната сезона во Салцбург, во летото 2015 Забицер се вратил во РБ Лајпциг, со цел да му помогне на амбициозниот германски второлигаш да избори промоција во Бундеслигата.Marcel Sabitzer stürmt für RB Leipzig kicker.de, abgerufen am 28. Juni 2015. Со зборовите „веројатно не сум толку добар како што мислев, инаку немаше да играм во германската Втора Бундеслига“, играчот ги оценил сопствените настапи во контекст на овој трансфер.Marcel Sabitzer – Der will nur siegen, redbull.com, abgerufen am 25. Juli 2023. Во неговата прва година со клубот, тој постигнал промоција во Првата Бундеслига, за прв пат во историјата на клубот, после освојувањето на второто место за кое тој придонел со осум гола и пет асистенции во 32 натпревари. Забицер главно делувал како офанзивен играч од средниот ред играјќи за напаѓачот, позиција која била окупирана од Јусуф Поулсен или од Дави Зелке, и го постигнал единствениот гол во првиот натпревар на клубот за сезоната, победата со 0-1 на гостувањето кај ФШФ Франкфурт. Во втората половина од сезоната, против истиот противник во натпревар кој завршил 3-1 за Лајпциг, австриецот бил директно вклучен во сите три гола на својата екипа (постигнал два и асистирал за третиот). Конечно, на крајот од сезоната бил прогласен за најдобар играч во Втората Бундеслига од страна на магазинот kicker.Dosenöffner Sabitzer trifft doppelt, kicker.de, abgerufen am 25. Juli 2023.

thumb|right|Забицер со Лајпциг во летото 2016 Следната сезона, на клупата на Лајпциг дошол неговиот сонародник Ралф Хазенхутл, кој го наследил Рангник на функцијата. Тој формирал нова двојка во нападот на Лајпциг за дебитантската сезона на клубот во Првата Бундеслига, составена од Поулсен и новото засилување Тимо Вернер. Играјќи со два класични напаѓачи, Хазенхутл се одлучил да не игра со втор напаѓач или офанзивен играч за врска, па така го префрлил Забицер на позицијата десно крило, каде што сега главно играл. Статистички гледано, неговиот офанзивен учинок останал константен, а на крајот од сезоната повторно постигнал 8 гола. На 29 октомври 2016, тој го решил натпреварот против Дармштат кој завршил 2-0, со неговите два гола во второто полувреме. Во последните пет првенствени натпревари, Лајпциг трипати ремизирале, еднаш загубиле и ја победиле Херта со 4-1, но сепак по одигрувањето на 34-тото коло, тие изненадувачки завршиле на второто место зад шампионот Бајерн Минхен.

Во сезоната 2017-2018, Забицер пропуштил неколку натпревари поради две повреди на рамото, но освен тоа во третата година бил редовен стартер за Лајпциг. Во Лигата на шампиони, Сабицер наместил гол во три последователни натпревари, но не постигнал ниту еден гол во шестте натпревари во групата. Дебитантската сезона на клубот во елитното европско натпреварување завршила на третото место во групата Г, поради што РБ Лајпциг потоа продолжил да игра во Лигата на Европа. Овде стигнале до четвртфиналето, каде биле елиминирани од подоцнежниот финалист Олимпик Марсеј. Не можејќи да смета на услугите на Забицер за последните пет првенствени натпревари, во кој Лајпциг забележал само две победи, клубот ја завршил сезоната на шесттото место со два бода помалку од ФК Хофенхајм 1899 и Борусија Дортмунд не успевајќи да се врати во Лигата на шампионите за наредната сезона. И покрај проблемите со повреди, Забицер за првпат бил прогласен за Австриски фудбалер на годината, заменувајќи го рекордниот победник Давид Алаба, кој претходно шест пати по ред победил во изборот за оваа награда. Во април 2018 година, тој го продолжил договорот со РБ Лајпциг до 2022 година.