Натан Метенје (Nathan Méténier) (роден на 13 јуни 1999 година) е француски активист за климата и животната средина. Тој бил еден од најмладите членови на првата младинска советодавна група на Обединетите нации за климатски промени од 2020 до 2022 година, и е основач на Генерација Климатска Европа, најголемата коалиција на мрежи предводени од младите на европско ниво, притискајќи за посилна акција од ЕУ за климатските и еколошките прашања.
Живот Натан Метенје пораснал во Гренобл, на француските Алпи каде што можел од прва рака да го набљудува ефектот на климатските промени. Тој изјавил: „Ги видов промените, видов како мразот исчезнува и го видов колапсот на Мон Блан“.
Работел и бил вклучен во многу организации и движења, особено како регионален директор на Јотфорнејчр и портпарол на Јот Енвиромент Јуроп. Дипломирал на Институтот за политички студии во Гренобл. Студирал на Лондонската школа за економија.
Од 2019 до 2021 година, Метенје бил член на Одборот на Јот Енвиромент Јуроп. Тој е основач и координатор на Генерација за климатска Европа.
Во јули 2020 година, до 2022 година, Метенје бил именуван од генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во првата група на Младинската советодавна група за климатски промени, група од седум млади климатски лидери за да го советуваат за акција за климатската криза за одреден период од две години. Метенје бил еден од најмладите во групата, која се движела од 18 до 28 години. Тој бил единствениот кој ја претставувал Франција и западна Европа.
Активизам Метенје особено се фокусирал на зајакнување на гласот на младинските движења во Брисел. Тој ја основал Генерација за климатска Европа во 2019 година со амбиција да ги собере главните европски младински движења кои се активни за еколошки прашања.
Наводи
Надворешни врски
ProActionTalk епизода 1 со Нејтан Метенје 2021 година
Категорија:Луѓе од Гренобл Категорија:Француски дејци Категорија:Французи од 21 век Категорија:Климатски дејци Категорија:Француски природозаштитници Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1999 година