мини|Корицата на првиот том лесен роман, со Мијо Саимори (лево) и Кијока Кудо (десно)|328x328px Мојот среќен брак (, ) — јапонска серија лесни романи напишана од Акуми Агитоги и илустрирана од Цукихо Цукиока. Првично се појавила на новата платформа создадена од корисниците, Shosetsuka ni Naro, пред да биде преземена од Fujimi Shobo. Серијата е објавена под Fujimi L Bunko од јануари 2019 г.

Адаптација на манга, илустрирана од Рито Кохсака, започнала со серијализација на услугата Gangan Online на Square Enix во декември 2018 г. Долгометражен филм заснован на серијата бил премиерно прикажан во Јапонија во март 2023 г. Освен тоа, аниме-серија произведена од Kinema Citrus се прикажувала од јули до септември 2023 г., со втора сезона во разработка.

Содржина Во алтернативна верзија на епохата таишо, каде духовите и волшепството постојат, но исчезнуваат, Мијо Саимори, на која ѝ недостасуваат натприродни способности, живее под управување на нејзината насилна маќеа. Кога Мијо ќе достигне брачна возраст, нејзините соништа за подобар живот се рушат откако ќе ја дознае вистинската самоличност на нејзиниот свршеник: Кијока Кудо, заповедник за кој се претпоставува дека е толку ладнокрвен што сите негови претходни свршеници побегнале во рок од три дена. Без други можности, Мијо си ја прифаќа сопствената судбина и се подготвува да се омажи за него. Меѓутоа, таа наскоро открива дека Кијока не е застрашувачката личност што ја замислувала. Како што постепено се отвораат еден кон друг, сфаќаат дека можат заедно да си ја најдат вистинската љубов и среќа.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии