Чудесната градина во Дубаи (на арапски: حديقة الزهور بدبي) е цветна градина лоцирана во областа Дубаиленд, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Градината била отворена од Денот на вљубените во 2013 година. Зафаќа над 72 000 метри квадратни, што ја прави најголемата природна цветна градина во светот, која содржи над 50 милиони цвеќиња и 250 милиони растенија.

Во април 2015 година, на градината и била доделена наградата Мозел за Нови Градинарски Искуства на годината од страна на Награди за градинарски туризам (анг: Garden Tourism Award), 2015.

Развој Концептот на првиот проект за чудесната градина бил формиран според договорот помеѓу Дубаиленд и Дубаи Пропертис Груп. Развојот на проектот бил завршен според договорот со Акар Лендскејпинг и Агрикалчр Компани, предводена од јорданскиот бизнисмен Абдел Насер Рахал. Цената на проектот била проценета на 40 милиони АЕД (11 милиони американски долари).

Првата фаза била завршена, а со тоа паркот отворен во февруари 2013 година и зафаќала 2 000 метри квадратни надворешен дел вклучувајќи вертикално и хоризонтално уредување на просторот каде што секој сегмент имал свој дизајн. Развојот на првата фаза траел два месеци, а биле вклучени 400 работници. Вториот дел од проектот бил инициран во средината на јуни 2013 година и бил завршен во октомври, вклучувајќи 70% проширување на 2 000 м² и изградба на 79 000 м² повеќекатен паркинг, со што вкупната површина на градината се зголемила на 190 000 м² . Вклучено било додавање на цветен часовник, градина со пеперутки, продавници за малопродажба и џамии.

Операции Чудесната градина во Дубаи генерално работи од октомври до април секоја година. Затворена е од мај до септември поради високите температури во просек од 40°C, што не е погодно за одгледување цвеќе. мини|Срцев тунел во градина.

Одржување За одржување на цвеќето се користи пречистена отпадна вода преку метод на наводнување капка по капка со просечна количина од 757 082 л вода дневно. Според официјалните лица на чудесната градина во Дубаи, општината Дубаи ја повлекува сивата вода на градот и ја испраќа директно во градината. Градината повторно ја филтрира водата и ја претвора во висококвалитетна вода за нејзина употреба во градината. Градината се наводнува само откако ќе се затвори навечер.

Градината на пеперутките во Дубаи Во 2015 година Чудесната градина во Дубаи ја отворила Градината на пеперутките во Дубаи, најголемата во светот и првата затворена градина на пеперутки во регионот и засолниште за над 15.000 пеперутки од 50 видови.

Договор со Дизни Како дел од договорот за лиценцирање помеѓу Чудeсната градина на Дубаи и компанијата Волт Дизни, во февруари 2018 година бил откриен топијарот(украсно поткастрување) на Мики Маус. Цветните структури на Мини Маус, Шиљо, Плутон, Дејзи Дак, Пајо Паторот и Рајо, Гајо и Влајо биле презентирани подоцна истата година.

Гинисови рекорди Чудесната градина во Дубаи постигнала три Гинисови рекорди. Во 2013 година била прогласена за најголема вертикална градина во светот. Во моментов, цветната структура на Ербас А380 во градината е наведена во Гинисовата книга на рекорди како најголема цветна структура во светот. 18 метарскиот топијар на Мики Маус, кој тежи скоро 35 тони, е највисоката скулптура од овој тип во светот. Чудeсната градина на Дубаи има уште еден рекорд, а тоа е, Најдолгиот цветен ѕид во светот кој е долг речиси еден километар и е украсен со речиси 22 милиони расцветани цвеќиња.

Поврзано

Градината на пеперутките во Дубаи

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Дубаи Категорија:Градинарство