Хаџи Коле Поп Антов ( во — во ) — македонски трговец, еден од главните иницијатори за изградба на црквата „Успение на Пресвета Богородица”, во Ваташа.

Животопис Бил влијателен и почитуван човек со народна мудрост и блогороден дух. Се занимавал со кираџилак и трговија со вино и ракија со околните градови Прилеп, Битола, Скопје, Штип, Кичево и други места. Тој многу патувал, а со својот помал син Јордан бил и во Ерусалим од каде се вратил како аџија.

Кога ваташани во почетокот на 19 век решиле да изградат своја црква, тие по ферман за изградба на црквата од Цариград го испратиле Хаџи Коле. Со многу пари собрани од жителите на Ваташа и богатите трговци, Хаџи Коле успеал да добие ферман за изградба на црквата во Ваташа. Меѓутоа тогаш настанале и проблемите. Христијаните преку денот ја граделе, а муслиманите навечер ја рушеле. Потоа се постигнал договор црквата да не биде повисока од покривите на куќите на муслиманското население во Ваташа. Така во 1817 година со помош на 80 мајстори и доброволно ангажирање на жителите од Ваташа била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица”. Хаџи Коле бил најголемиот дарител и ктитор на оваа црква и неговиот стол се наоѓал на почесно место од десната страна до владичкиот. Прв свештеник во новоизградената црква во Ваташа бил Поп Камче, син на Хаџи Коле. Хаџи Коле умрел во Ваташа во 1830 година.

Денес во Кавадарци една улица е именувана со неговот име.

Наводи