Гонсало Бернардо Инасио (роден на 25 август 2001 година, во Алмада) — португалски фудбалер, играч од одбраната на и на португалската репрезентација.

Биографија Инасио е роден во Алмада, Сетубал, а израснал во Сеишал, општина која се наоѓа на 34,2 км подалеку. Растејќи, тој постојано играл фудбал каде и да можел на улица или дома, и редовно присуствувал на натпреварите на Спортинг Лисабон со својот татко. И покрај тоа што немал посебен идол, Инасио го ценел стилот на игра на Жереми Матје.

Клупска кариера Инасио ја започнал својата кариера во локалниот клуб Алмада, пред да се пресели во академијата на Спортинг Лисабон. Пред ова, тој имал проби во градскиот ривал Бенфика, но на крајот одлучил да не им се придружи кога автомобилот на неговиот татко се расипал во два наврати кога го носеле на тренинг. На 13 јануари 2018 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со Спортинг на 16-годишна возраст.

Својот прв повик во првиот тим го добил на 6 јули 2020 година, останувајќи неискористена замена во ремито без голови против Мореиренсе во Примеира лига; тој првично се мачел да биде интегриран, поради тоа што бил резервиран по природа, но успеал да се наметне со помош на тренерот Рубен Аморим и неговите соиграчи Нуно Мендеш, Едуардо Кварежма и Тијаго Томас, со кои се дружел за време на неговиот период во младинската екипа. Своето деби го имал во победата од 2–0 на гости против Портимоненсе на 4 октомври, влегувајќи како замена за Зухаир Федал во 62-рата минута.

На 20 март 2021 година, Инасио го постигнал својот прв гол, со удар со глава од непосредна близина во победата со 1–0 на домашен терен над Виторија Гимараеш. На 23 јануари, тој асистирал за Педро Поро во победата со 1–0 над Брага, помагајќи му на својот клуб да го освои Лига купот на Португалија; неговата изведба на натпреварот го импресионирала Аморим, па тој го надминал соиграчот Луис Нето во хиерархијата. Инасио забележал 20 настапи за Спортинг во првенството, кое лавовите го завршиле на првото место, освојувајќи ја шампионската титула со што ставиле крај на 19-годишната суша.

На 29 јануари 2022, неговиот погодок со глава на почетокот од второто полувреме му помогнал на неговиот тим да направи пресврт и да ја порази Бенфика со 2–1 во финалето на Лига купот, со што Спортинг ја одбраниле титулата во натпреварувањето. На 1 април, тој потпишал продолжување на договорот со клубот до 2026 година.

На 12 ноември 2023 година, во Дербито на Лисабон против Бенфика на Луж, Инасио бил исклучен откако добил втор жолт картон на почеток на второто полувреме; тоа резултирало со првиот пораз на Спортинг во сезоната со 2-1, со голови во последните минути од натпреварот. На 14 декември, во последниот натпревар од групната фаза на УЕФА Лига Европа, на домашен терен со Штурм Грац, тој влегол од клупата на полувремето и постигнал два гола за десет минути за да ја запечати победата од 3–0. Во сезоната 2023-2024, ја освоил својата втора шампионска титула во Португалија со Спортинг, 20-та за клубот, за која придонел со 32 одиграни натпревари и еден постигнат гол.

Репрезентативна кариера Инасио ја претставувал Португалија во младинските селекции под 17, под 18, под 19, под 20 и под 21 година, играјќи за сите нив вкупно 19 натпревари.

Тој бил повикан во сениорската репрезентација од селекторот Фернандо Сантош на 26 август 2021 година, за квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 против Азербејџан и Ирска и пријателскиот натпревар против Катар. Четири дена подоцна, сепак, тој морал да се повлече од собирот со тимот откако заработил повреда на левата бутина.

На 12 ноември 2021 година, Инасио го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година, играјќи го целиот натпревар во победата со 1–0 над Кипар во квалификациите за Европското првенство 2023. Својот прв гол за селекцијата го постигнал во обратниот натпревар четири дена подоцна, во кој Португалија го победила Кипар со 6-0 во Фаро.

Во октомври 2022 година, Инасио се нашол во прелиминарниот список од 55 играчи за Светското првенство 2022 во Катар, иако дотогаш сè уште не го направил своето деби за сениорската репрезентација на Португалија. Тоа сепак се случило неколку месеци подоцна, на 23 март 2023, кога тој го одиграл целиот натпревар во победата со 4-0 над Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство 2024, што воедно било и првиот натпревар на клупата на новиот селектор Роберто Мартинес. На 11 септември, во друг квалификациски натпревар за истото натпреварување, тој ги постигнал својот прв и втор гол за Португалија во победата со 9–0 на домашен терен над Луксембург.

Инасио бил избран во составот на Португалија за Европското првенство 2024 во Германија, што бил неговиот прв меѓународен турнир на кој настапил за неговата земја. Во првиот натпревар на турнирот против Чешка, тој се појавил во игра од клупата во 63-тата минута, заменувајќи го Диого Дало во победата со 2-1. Тој настапил уште во поразот со 2-0 од во последниот натпревар од групата но не и во поразот по изведување на пенали од во четвртфиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 февруари 2024. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 ПЛ 20 1 КП+ЛКП 2+3 1+0 ЛЕ 0 0 - - 25 2 2021-2022 ПЛ 28 4 КП+ЛКП 5+4 0+1 ЛШ 7 0 СП 1 0 45 5 2022-2023 ПЛ 33 1 КП+ЛКП 1+6 0+2 ЛШ+ЛЕ 6+6 0+1 - - 52 4 2023-2024 ПЛ 20 1 КП+ЛКП 3+3 0 ЛЕ 7 3 - - 33 4 Вкупно во кариерата 101 7 27 4 26 4 1 0 155 15

Титули Клупски Спортинг Лисабон Примеира лига : 3 2020-2021, 2023-2024, 2024-2025 10px Куп на Португалија : 1 2024-2025 Лига куп на Португалија : 2 2020-2021, 2021-2022 Суперкуп на Португалија : 1 2021

Поединечни Примеира лига Тим на годината: 2023–2024

Наводи

Надворешни врски

Гонсало Инасио на soccerway Гонсало Инасио на transfermarkt Гонсало Инасио на espn Гонсало Инасио на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026