Американското земјоделско училиште (грчки: Αμερικανική Γεωργική Σχολή) е протестантска образовна институција во Солун, Грција. Училиштето е основано во 1904 година од американскиот мисионер Џон Хенри Хаус за руралното население на Грција и на Балканот. Неговите тековни главни образовни поделби ги вклучуваат средното училиште, колеџот Перотис, Програмата за основно училиште, оддел за образование на возрасните и истражување и Грчката летна програма. Мисијата на училиштето била „да ги едуцира мажите и жените, особено оние од Грција и од Балканот, за да станат професионално успешни во најновите аспекти на земјоделството и природните науки“.

Историја Џон Хенри Хаус со неговата сопруга Сузан Аделин Бирс Хаус го основале Американското земјоделско училиште во 1904 година, на 200.000 m2 неплодна земја во близина на Солун, Отоманско Царство, сегашен Солун во Грција. Двојката биле мисионери во балканскиот регион за 30 години. Подоцна, училиштето го воделе нивниот син Чарли и неговата сопруга Ана.

Наставната програма вклучувала практична обука за градинарски култури и оние на полето, лозја и овошни насади, сточарство и производство на свилена буба и индустриски вештини како столарија, ѕидарство и коварство.

Првите ученици биле момчиња сирачиња во Илинденското востание.Farm School – TIME

Училиштето примило многу бегалци поради размената на население меѓу Грција и Турција.De Vries, Susanna. Blue Ribbons Bitter Bread, the Story of Joice Loch, Australia's Most Decorated Woman. 2000. Pirgos Press, Melbourne.

Училишта и програми Одделот на Средното училиште на Американското земјоделско училиште им нуди на девојчињата и момчињата од руралните региони во Грција акредитирано општо средно образование со практичен фокус на земјоделски предмети. Освен тоа, студентите живеат во студентски дом и следат воннаставна програма која ги зајакнува силните традиции во грчката култура.

Колеџот Перотис бил основан во 1996 година, со употреба на голема донација од страна на Алики Пероти во спомен на нејзиниот сопруг. Колеџот развива лидери за глобалното земјоделство и прехранбената индустрија. Наставната програма на англиски јазик води до доделување на диплома (Bachelor of Science), која е потврдена од Кардиф Метрополитен Универзитет (UWIC), филијала на Универзитетот во Велс (Велика Британија), во меѓународниот бизнис, управување со системи за животна средина и наука и технологија за храна.

Програмата за основно образование на Американското земјоделско училиште се фокусира на еколошкото образование низ искуствено учење. Наставната програма овозможува младите ученици да имаат секојдневен контакт со природниот свет и со земјоделството и поттикнува практично експериментирање и откривање.

Одделот за образование на возрасни и истражување на Американското земјоделско училиште нуди кратки курсеви, семинари, работилници и конференции за одржлив рурален развој.American Farm School

Грчката летна програма, започната во 1970 година, е програма за интеркултурна размена за тинејџери од САД и целиот свет. Програмата е ориентирана кон општествено корисна работа. Студентите живеат со семејства во мало грчко село и преземаат проект за да ги задоволат потребите на селото. Учесниците, исто така, ги истражуваат античките знаменитости на Грција и се искачуваат на планината Олимп.

Наводи

Надворешни врски „Земјоделско училиште“

Категорија:Образованието во Солун Категорија:Историја на Солун