мини|Слузница Слузница (), слузокожа или лигавица — опна на голем дел од внатрешните органи на дишниот, мочнополовиот и храноварливиот систем. На допир е лигава, па оттука и нејзиното име. Слузницата излегува и надвор од телото кога на неколку места се поврзува со кожата. Тоа се усните, ноздрите, конјунктивата, половите органи и анусот.
Улога Слузниците имаат неколку важни улоги. Ги одржуваат ткивата влажни, како на пример во дишните патишта (вклучувајќи ја устата и носот). Дополнително, тие помагаат во впивањето и обработката на хранливите материи. Овие мембрани го штитат и телото. На пример, во желудникот, тие штитат од желудочна киселина, додека во мочниот меур, го штитат основното ткиво од мочта. Во матката, слузницата е позната како ендометриум. Тој набабрува секој месец и се губи за време на менструацијата.
Наводи
Надворешни врски
Mucosa: Function, Anatomy & Definition - Cleveland Clinic __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Анатомија Категорија:Хистологија