Габриела Гонсалвеш Дијаш Морески (родена на 8 јули 1994 година) е бразилска ракометарка, голман на ЧСМ Букурешт и на бразилската репрезентација.
Кариера Клупска кариера Морески ја започнала кариерата во екипата на Жундиаи во татковината, пред да се пресели во Европа, каде му се приклучила на норвешкиот второлигаш Флинт Тенсберг во 2015 година. По една сезона во овој клуб, таа потпишала за норвешкиот гигант Ларвик со кого го освоила норвешкото првенство во сезоната 2016-2017 и Купот на Норвешка во 2016 и 2017 година.
После финансискиот колапс на Ларвик, Морески и се приклучила на романската екипа Магура Чиснадие, за која настапувале неколку нејзини сонароднички од Бразил. На крајот од сезоната, Магура го совоила четвртото место во Лига Национала, а Морески го напуштила клубот и се преселила во Флери Лоаре, каде играла две години.
Во 2021 година, Морески му се приклучила на германскиот клуб Битигхајм. Во првата година во клубот ги освоила германското првенство и ЕХФ Европската лига.
Во 2024 година, Морески се вратила во Романија, каде го носи дресот на ЧСМ Букурешт.
Репрезентативна кариера За репрезентацијата на Бразил дебитирала во 2015 година. И покрај тоа што низ годините имала сериозна конкуренција меѓу стативите во поискусните голманки Мајса Песоа и Барбара Аренхарт, Морески сепак многу често била дел од репрезентацијата на важните натпреварувања. Својата земја ја претставувала на три Светски првенства, во 2017, 2019 и 2023, како и на Олимписките игри 2024.
Титули Клупски Ларвик Норвешко првенство : 1 2016-2017 Куп на Норвешка : 2 2016, 2017
Битигхајм Бундеслига : 2 2021-2022, 2022-2023
ЕХФ Европска лига : 1 2021-2022
Репрезентативни Бразил Јужноамерикански игри : 1 2022
Наводи
Надворешни врски Профил на eurohandball
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски ракометарки Категорија:Ракометарки на Ларвик Категорија:Ракометарки на Флери Лоаре Категорија:Ракометарки на Битигхајм Категорија:Ракометарки на ЧСМ Букурешт